Почетни 1,5 милиони долари за болидот на Шумахер

По Ферарито Ф300 нов газда ќе добие уште еден болид на легендарниот возач на Формула 1 кој веќе 7 месеци за бори за живот.

Се работи за Ф2000 со број на шасија 198 кој на 16 август ќе биде изложен на аукција во Монтереј, Калифорнија во организација на RM Auction, која важи за светски лидер во оваа дејност.

Болидот го проектираа Рос Браун и Рори Бурне кои вградија мотор со 10 цилиндри, 40 вентили и јачина од 780 коња. Со него Михаел Шумахер освои 5 шампионски титули во периодот од 2000 до 2004 година.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 кој беше на тронот и во 1994 и 1995 година оствари многу доминанти трки со Ф2000, како на пример оваа во Интерлагос кога го остави зад себе Џанкарло Физикела 39 секунди.

Со оглед на големиот број на богати колекционери кои се фанатици по Ферари, стартната цена од 1,5 милиони долари се очекува за кусо време да биде надмината.

Три недели по инцидентот на Шумахер за време на скијањето на француските алпи кој се случи на 29 декември, на аукција беше продаден и болидот Ф300 за сума од 1,7 милиони долари кој го возеше Германецот 38 пати.

28 јули 2014 - 17:55