НЛБ Банка во неизвесна игра ја совлада екипата на Раде Кончар

ЕЛЕМ и НЛБ Банка се победници во првиот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Раде Кончар 4-5(1-1) НЛБ Банка
Раде Кончар: Горан Наумовски 9’32’ Сашо Трпчевски 24’ Јане Талевски 36’
НЛБ Банка:Жарко Димитриевски 15’ 28’ Дејан Кекеновски 26’ Мирослав Јовановски 27’ Милош Денковски 39’

Шеснаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија во крајно неизвесна игра го отворија екипите на Раде Кончар и НЛБ Банка. Во текот на целото прво полувреме се играше израмнет фудбал во кој и двете екипи играа доста агресивно не давајќи простор за резултатска предност. Првото полувреме заврши со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма се играше гол за гол во текот на целото полувреме се до самиот крај кога екипата на Раде Кончар не успеа да го искористи играчот плус за да премине во водство по што следеше казна на НЛБ Банка која успеа да поведе со 4-5 и така да го заврши овој натпревар.

ЕЛЕМ во отворен фудбал подобар од Окта
Окта 2-4(0-1) ЕЛЕМ
Окта: Никица Богдановски 25’ 35’
ЕЛЕМ: Димче Димитријески 4’Влатко Петровски 26’ 27’Синиша Ковачевиќ 40’

Екипата на Окта доста офанзивно влезе во дуелот со ЕЛЕМ кој пак играше доста стрпливо во делот на нападот каде што уште во раната фаза поточно четвртата минута преку контра напад успеа да ја изненади офанзивната Окта и дојде до водство од 0-1. Ова водство ЕЛЕМ успеа да го одржи во текот на целото прво полувреме иако екипата на Окта беше настојчива не успеа да го израмни резултатот. Во второто полувреме и двете екипи играа доста отворен фубдал со многу шанси за голови и на двете страни, екипата на ЕЛЕМ со подобра реализација успеа да стекне предност и на крајот да слави со 2-4.

28 март 2017 - 09:24