Најемотивниот олимписки медал за спортот во Канада

Александар Билодо е канадски скијач кој во кариерата се мотивирал на разни начини да го оствари својот сон, но за да стигне до него имал само една инспирација, а тоа е неговиот брат на кој му го посвети моментот на кариерата.

Како што бидува кај многу луѓе, така и Алекс понекогаш се будел без желба да стане од кревет и да оди на работа, но кога ќе помисли на својот брат, добива посебна сила и оди на тренинг.

„Дури и да врне силно, да биде -40 или да бидам со мислата `О Господе, не ми се тренира денес, веројатно нема да ми смени ништо ако рипнам еден ден`, тогаш ќе помислам на брат ми и ќе посакам да ја добие таа шанса да биде барем еден ден во моето тело. Тој би скокнал во моите чевли и би истрчал маратон“.

Неговиот брат боледува од целебрална парализа, а докторите уште на 12 годишна возраст му прогнозирале дека нема да може да оди. Но Фредерик сега има 28 и не се дели од својот брат на кој му е главна инспирација.

На Олимписките игри во Ванкувер 2010 Александар Билодо стана прв спортист од Канада кој успеа да освои златен медал на свој терен. Момент за историја кој допре во срцата на секој Канаѓанец.

„Човекот со кој сакаш да го споделиш тој момент е оној кој е блиску до тебе. За мене тоа е мојот брат“, рече Александар.

Четири години подоцна во Сочи неизмерната братска радост продолжи, бидејќи Александар Билодо повторно “позлате“ и стана првиот олимпиец во историјата кој го одбрани златниот олимписки медал во скијање - слободен стил.

29 годишниот Билодо има освоено и три златни медали на Светски првенства, но двата олимписки имаат посебно место во неговото срце и посебна посвета.