Лукоил во финишот го скрши отпорот на Македонски Tелеком

Екипите на Пекабеско, НЛБ Банка и Лукоил се победници во првиот ден од 20. коло во Бизнис лигата на Македонија.

НЛБ Банка со целосен пресврт во второто полувреме до победа над Факом
НЛБ Банка 5-4(2-3) Факом
НЛБ Банка:Томислав Петрушевски17’ Мирослав Јовановски 20’ Саше Стојчевски 25’ 29’ Дејан Кекеновски 36’
Факом: Мартин Митковски 7’ 9’ 38’ Бобан Китановски 12’
Дваесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на НЛБ Банка и Факом.

Екипата на Факом на самиот старт имаше префектен влез во натпреварот и со одлично реализиран напад и совршена реализација успеа да дојде до водство од 0-3. Екипата на НЛБ Банка ги консолидираше своите редови се врати во натпреварот и со добра игра намали на 2-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на НЛБ Банка успеа да направи целосен пресврт и играјќи игра која Факом ја имаше на стартот на првото полувреме па со ваквата игра успеа да стекне предност од два гола. Екипата на Факом се трудеше да ја анулира предноста на НЛБ Банка до самиот крај но не успеа во тоа па го загуби овој натпревар со 5-4.

Лукоил во финишот го скрши отпорот на Македонски Tелеком
Лукоил 6-3(3-1) Македонски Телеком
Лукоил: Игор Дамјаноски 11’ 29’ Жарко Климкаров 12’ 18’ 40’ Љупчо Апостоловски 39’
Македонски Телеком: Петре Велигденов 6’ Ивица Вељановски 27’ 35’

Екипата на Македонски Телеком прва дојде до водство во 6та минута преку Велигденов во дуелот со Лукоил, но екипата на Лукоил со чести ротации од клупата успеа да го подигне нивото на игра и да дојде до израмнување а потоа и водство од 3-1 со кои заминаа на полувремето. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком успеваше да ја задржи резултатската неизвесност и да игра егал натпревар со до самиот финиш кога се обиде со голман играч да направи целосен пресврт но на ваквата нивна игра Лукоил одговори со одличен напад па на крајот успеа да извојува убедлива победа од 6-3.

Пекабеско со константно добра игра успеа да ја совлада Фабрика Карпош
Фабрика Карпош 4-8(1-5)Пекабеско
Фабрика Карпош: Ненад Денчиќ 18’ Маријан Казаковски 30’ Георги Божиков 35’ Александар Божиков 38’
Пекабеско:Маријан Величковски3’ 23’ 36’ Бобан Вујиќ 6’ 9’ Дејан Неделковски 7’ 14’ 38’

Екипата на Фабрика Карпош во дуелот со Пекабеско влезе со ослабен состав и голем број повредени играчи со ваква консталација тешко парираше на вечерва расположениот за игра Пекабеско. Екипата на Пекабеско уште од самиот страт влезе мотивирано стекнувајќи предност од 1-5 на полувремето, предност која Фабрика Карпош се обидуваше да ја анулира во текот на целото второ полувреме но не беше успешна во тоа. Екипата на Пекабеско ја задржа константно добрата игра во текот на целиот натпревар кој на крајот го доби со резултат од 4-8.

25 април 2017 - 16:02