Кузњецова си ја ишиша косата на сред меч

Руската тенисерка Светлана Кузњецова очигледно требаше да го ишиша целото репче за да направи пресврт против Ањешка Радванска во финалето на турнирот во Сингапур. Без никаков страв, Кузњецова извади ножици од торбицата и се фати на работа.

„Се обидував да ја врзам во стегачот, но мојата коса е многу густа и тешка. На крајот, кога ги удирав форхендите, секогаш кога ќе вратев добар удар… косата ме удираше во окото и се борев. Си помислив ‘ок, што е поважно сега – косата, која можам да ја пораснам, или мечот?’ “