Која е малата и безобразна Латвијка во полуфинале на Ролан Гарос

Со големиот триумф над Каролина Вознијацки (12-та во свет), 47. тенисерка на светот Елена Остапенко стана првата Летонка која што стигнала до полуфиналето на славниот Гренд слем турнир во Париз.

Денес, 19-годишна Летонка Елена Остапенко е една од најнеобичните млади тенисерки на францускиот тур.

Таа игра напаѓачки тенис а нејзините удари потсеќаат на оние на Петра Квитова, „Чешката зброевка“ која просто затвора очи и лупа сервиси со неописива моќ. Остапенко веќе има неколку добри резултати иако има само 19 години: финале на главниот турнир во Доха и уште две финалиња на WTА; две победи над тенисерки од Топ-10 и пет над тенисерки од Топ-20.

Годинава играше во 3. коло на Australian Open, а на Ролан Гарос сигна дури до полуфиналето. Во четвртфиналната рунда ја совлада Вознијацки и стана прва тинејџерка после Ана Ивановиќ во 2007-ма која ќе игра во полуфиналето на Френч Опен.

Но интересната фигура на Летонката не ја прави толку тенисот, колку противречното поведение. Со еден збор таа е женскиот Ник Кирјос - периодично покажува генијална игра, но и нестабилност.

За време на турнирот во Чарлстон, поранешната тенисерка Ен Кетавонг коментираше еден меч на Остапенко на британска телевизија и раскажа дека Латвијката без „влакна на јазик“ им кажува на колешките тоа што го мисли и дека тавкиот пристап многу тенисерки не го сакаат.

Таков однос Остапенко има и јавно и тоа е приметно. Например, после поразот од Дарја Касаткина во финалето на Чарлстон таа просто кажала дека го играла најлошиот меч на турнирот и одбила да ѝ честита на шампионката.

Лани во Стенфорд изгубила од 17-годишната Кетрин Белис и на прашањето да ја оцени играта на противничката, рекла: „Таа не игра ништо посебно“. Полека но сигурно Остапенко си ја лепи на себе етикетата „непристојна и вулгарна“ тенисерка која се однесува надвор од правилата и кодексите.

Најголем скандал Летонката направи лани на турнирот во Њу Хејвен кога на мечот против Агнешка Радванска не реализираше сет-топка при 5:4 па ги изгуби сите гемови до крај.

Во финишот, Остапенко ја викна на теренот мајка ѝ, и личниот тренер Елена Јаковлева и додека микрофонот беше во близина, во преносот се слушна како зборува дека Радванска игра мизерен и лигав тенис, дека е аматерка, дека не знае ништо освен слепо да го удира топчето и дека веќе никогаш нема да излезе на терен да игра против неа.

На мечот против Наоми Броади, Остапенко при една размена на удари намерно го фрли рекетот кон едно од децата задолжени за топчиња после што Британката бараше да ја дисквлафикуваат, а Латвијката се бранеше дека рекетот ѝ излетал од рака.

Елена Остапенко има 19 години и се уште има време да научи да се контролира себеси и да прекине кога е нервозна да прави скандали. Во полуфиналето на Ролан Гарос утре на 8. јуни Остапенко ќе игра против Швајцарката Тимеа Башински. Интересен податок е што и двете тенисерки утре ќе слават роденден. И двете се родени на ист ден, 8. јуни. Едната ќе полни 28, а другата 20.