ЈСП со добар старт до победа над Пекабеско

Екипите на Рамстор и ЈСП славеа победи во третиот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Алексовски прикажа брилијантна игра во второто полувреме и ја донесе победата на Рамстор во дуелот со Оне.Вип
Рамстор 5-1(2-0) Оне.Вип
Рамстор:Михрем Мемед 3’ Ведат Арслан 18’Зоран Алексовски 36’ 37’ 38’
Оне.Вип: Филип Ицковски 32’

Екипата на Оне.Вип во дуелот со Рамстор уште на самиот старт настапи со Србаков како голман играч и со ваква формација успеаа да му пружат отпор на Рамстор во првата половина од првото полувреме но во втората половина од полувремето дојде до пад на концентрацијата кај Оне.Вип по што му се пружи шанса на Рамстор да реализира и дојде до водство кое на полувремето изнесуваше 2-0. Во второто полувреме екипата на Оне.Вип во 32та минута преку Ицкоски успеа да го намали резултатот на 2-1, но по правовремениот тајм аут на тренерот на екипата на Рамстор Иметовски Алтај екипата ги консолидираа своите редови и преку Зоран Алексовски кој постигна три гола дојде до победа со резултат од 5-1.

ЈСП со добар старт до победа над Пекабеско
Пекабеско 2-4(1-4) ЈСП
Пекабеско: Маријан Величковски 19’ Петар Кипрановски 37’
ЈСП: Велко Серафимовски 1’ 4’ Дејан Блажевски 6’ Љупчо Павловиќ 12’

Екипата на ЈСП во дуелот со Пекабеско влезе уште на самиот старт со сериозен пристап максимално сконцентрирана што и овозможи да го изненади Пекабеско и во раната фаза од натпреварот да стекне предност која на крајот од првото полувреме изнесуваше 1-4. Во второто полувреме екипата на Пекабеско се обидуваше во текот на целото полувреме да ја стигне предноста која ја направи ЈСП во првото полувреме. Екипата на ЈСП благодарение на цврстата одбрана успеа да го задржи водството и извојува победа од 2-4.

20 април 2017 - 10:14