Јапонското чудо од дете на врвот од светскиот пинг-понг

Сензација на светскиот турнир во Кина во пинг-понг: 13-годишниот Томоказу Харимото од Јапонија го победи легендарниот шампион од Белорусија Владимир Самсонов (41) со резултат 4:3.

После мечот во кој се случи можеби најголемата сензација во историјата на пинг-понгот, Белорусинот Самсонов изјави:

„Да, тој игра одлично особено на таа возраст. Имав неколку шанси но малиот е голем потенцијал. Не може да го гледате како малечок играч затоа што е многу силен. Стигна до четвртфиналето на Светското првенство. Топ играч е“.

Кога Самсонов го вели ова е речиси идентично како великанот Рожер Федерер да пофали некој 13-годишен тенисер.