ИСИС го држи Европското на нишан

Ханс-Јорг Масен изјави дека германските служби за безбедност имаат некои сознанија дека Исламската држава од сенка го држи на око фудбалскиот турнир.

Франција ја очекуваат две големи манифестации. Еден месец во оваа земја ќе се одржуваат Тур Д’Франс и Европското првенство во фудбал. Со оглед на тоа дека оваа земја беше мета на радикални терористички напади од кои некои беа фатални, мерките за безбедност се се поголеми.
 
Покрај милионите навивачи од цела Европа кои ќе дојдат да го гледаат ЕП и Тур Д’Франс, организаторите стравуваат и на нов бран исламски фундаменталисти. Еден од водечките луѓе на германската безбедносна служба Ханс-Јорг Масен, кој е шеф на одделението за заштита на конститутивноста на Германија изјави:
„Точно знаеме деке ИСИС го има на око Европското првенство во фудбал. Во соработка со француските служби дознавме дека ИСИС има во план бомбашки напади на местата на кои масовно ќе се собираат многу луѓе“, пренесува Rheinische Post.
Во трагичните напади минатата година страдаа 130 луѓе, а терористите напаѓаа во кафулиња, ресторани, фудбалски стадион, на музички концерт во театарска сала. Европското ќе се игра во вкупно 10 француски големи градови и ќе трае од 10. јуни до 10. јули.
 
Германецот Масев додава и дека не постојат конкретни докази дека некој напад веќе е испланиран, но тврди дека агентурата на европските држави бележат неколку индикации за можни напади. Наводно службите за безбедност пресретнале неколку разговори на припадници на ИСИС и Ал-Каида, како и на сирискиот Нусра Фронт во кои се споменуваат препораки за изведување напади на Западот.
 
Според груби проценки, Французите очекуваат околу 2,4 милиони навивачи на 51 натпревар кои ќе одиграат 24 репрезентации. Организаторот во соработка со УЕФА планираат и фан-зони на централните плоштади каде оние кои немаат карти ќе можат во живо да ги следат средбите на видео-бимови.
28 мај 2016 - 11:24