Гранит тактички го надигра ЕВН

Во последниот ден од 8 коло во Бизнис лигата Eurolink беше немилосрден со 17 голови во мрежата на Контрола на летање, а висок триумф славеше и Montenegro против Борис Трајковски.

Гранит тактички го надигра ЕВН

Гранит 5-3 (1-1) ЕВН
Гранит: Дарко Стојановски 20’, 28’, Стеван Митревски 23’, Оливер Ангеловски 25’, Пепи Мицев 30’
ЕВН: Патрик Караѓуле 9’, Дарко Милошески 28’, Бранко Аврамовски 35’

Екипата на ЕВН одлично со гол го отвори овој натпревар и притоа значително ја продобри играта во обраната, па не дозволи да прими гол се до минута пред крајот на првото полувреме кога Гранит израмни на 1-1 и така отиде на полувремето. Второто полувреме играчки припадна на екипата на Гранит која целосно ја презеде контролата врз натпреварот, оствари предност од 3 гола која успеа да ја сочува до самиот крај на натпреварот и победи со 5-3.

Montenegro рутинирано до победа над СЦ Борис Трајковски

Montenegro 10-2 (6-0) СЦ Борис Трајковски
Montenegro: Горан Новакоски 1’, 14’, 21’, Ивица Јанковски 3’, 26’, Јорданчо Јакимоски 5’, 23’, 39’, Дарко Настиќ 12’, Сашо Павлоски 13’
СЦ Борис Трајковски: Влахо Костов 39’, Дашо Димитровски 40’

Минатогодишниот шампион Montenegro во дуелот со СЦ Борис Трајковски прикажа апсолутна доминација во сите сегменти на фудбалската игра. За само 15’’ од  стартот на натпреварот постигна гол, со што најави одлична рола. Кај екипата на СЦ Борис Трајковски беше воочлива слаба игра во одбраната, како и недоволна поврзаност во нападот, со што му овозможи на Montenegro да се разигра и дојде до убедлива победа од 10-2.

Eurolink супериорен во дуелот со Контрола на летање

Контрола на летање 2-17 (0-8) Eurolink
Контрола на летање: Фарук Мифтари 23’, Бранислав Петровиќ 26’
Eurolink: Игор Ристевски 8’, Наумче Стојчевски 10’, 16’, 38’, Александар Трпковски 10’, 16’, 19’, 29’, Никола Костовски 19’, 20’, 30’, 35’, Јорданчо Димиџиевски 26’, 38’, Дарко Кадински 27’, 28’, 36’

Екипата на Eurolink прикажа одлична игра во дуелот со Контрола на летање која настапи ослабена без Филип Милков кој има повреда на тетивата. Eurolink во целост ја надигра Контрола на летање, беше одличен како во нападот, така и во одбраната, не дозволи победникот во овој натпревар да биде доведен во прашање и оствари победа од 2-17.

27 ноември 2014 - 00:15