Фетел победи и на крајот од сезоната

Себастијан Фетел доминираше во текот на целата сезона, а така и ја заврши. Германецот победи и на трката во Бразил.

Германецот во болидот на Ред Бул ги помести границите на Формула 1. Оваа сезона тој ја освои четвртата шампионска титула, а за крај на сезоната ја оствари и рекордната деветта победа во серија.

Ова воедно беше и негова 13-та победа во сезоната со што се израмни и со рекордот на Михаел Шумахер од 2004-та година.

Патеката Интерлагос во Сао Паоло Фетел ја заврши со време 1:32:36.300 часа, а зад него беше неговиот клупски колега Марк Вебер. Фернандо Алонсо од Ферари заврши на третата позиција.

Денешната трка беше последна за Марк Вебер во Формула 1, како и за Фелипе Маса во Ферари.

Резултати - ГН на Бразил:
1. Себастијан Фетел (Ред Бул) 1:32:36,300
2. Марк Вебер (Ред Бул) +10,452 секунди
3. Фернандо Алонсо (Ферари) +18,913
4. Џенсон Батон (Мекларен) +37,360
5. Нико Розберг (Мерцедес) +39,048
6. Серхио Перез (Мекларен) +44,051

Конечен пласман на возачи:
1. Фетел 397 бода
2. Алонсо 242
3. Вебер 199
4. Хамилтон 189
5. Кими Раиконен 183
6. Нико Розбер 171

Конечен пласман на конструктори:
1. Ред Бул 596
2. Мерцедес 360
3. Ферари 354
4. Лотус 315
5. Мекларен 122
6. Форс Индија 77

24 ноември 2013 - 21:46