Еуролинк со срце на терен до победа над Рамстор

Екипите на Македонски Телеком, ЕВН и Еуролинк ги собраа бодовите во вториот ден од 18. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Македонски Телеком доминантен во дуелот со Раде Кончар
Раде Кончар 1-9 (0-5) Македонски Телеком
Раде Кончар: Сашо Трпчевски 21’
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 4’ 5’29’ 34’ Гоце Филипов 10’ 17’ Роберт Попоски 12’
Агрон Пацоли 23’ Петре Велигденов 40’

Екипата на Македонски Телеком во дуелот со Раде Кончар покажа асолутна доминација. Во текот на целиот натпревар Македонски Телеком ја имаше контролата пред се поради предноста која ја стекна во раната фаза и одличната игра која ја демонстрираше. Раде Кончар немаше своја вечер воедно не мошеше да најде против игра за вечерва расположениот Телеком кој на крајот славеше со убедливи 1-9. Полувреме 0-5.

Илија Мандаров го предводеше ЕВН до победа над Факом
ЕВН 7-5 (3-2) Факом
ЕВН: Илија Мандаров 5’ 18’ 35’ Патрик Караѓуле 10’ Бојан Симоновски 23’ Ајет Новобрдарија 36’ Виктор Балканчев 40’
Факом: Бојан Симоновиќ 3’ 28’ 37’ Бобан Китановски 9’ Бојан Јовановски 38’
Исклучително неизвесно прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Факом.

Екипата на Факом иако во скратен состав во текот на целото прво полувреме беше рамноправен противник во дуелот со ЕВН. И на двете страни се играше брз и динамичен фудбал екипата на ЕВН во своите редови го имаше вечерва расположениот Илија Мандаров кој не само што реализираше беше и асистент со еден збор all-round играч. Во второто полувреме иако ЕВН успеа да стекне резултатска предност екипата на Факом се врати во натпреварот и фати резултатски приклучо но ЕВН не дозволи пресврт и во самиот финиш го доби овој натпревар со 7-5.

Еуролинк со срце на терен до победа над Рамстор
Рамстор 5-8 (4-2) Еуролинк
Рамстор: Ведат Арслан 2’ 19’ Михрем Мемед 11’ Зоран Алексовски 20’ Ибрахим Бекир 28’
Еуролинк: Ивица Стефковски 1’ 19’ 23’ 29’ 36’ Раде Бакев 21’ 22’ 39’
Екипата на Рамстор прикажа одлична игра во првото полувреме во дуелот со Еуролинк.

Иако екипата на Еуролинк настапи во скратен состав во првото полувреме му пружаше отпор на расположениот за игра Рамстор. Екипата на Рамстор првото полувреме го заврши со водство од 4-2 но по црвениот картон остана со без голман па беше принуден во второто полувреме да игра со голман играч. Екипата на Еуролинк во второто полувреме успеа да ги најде пукнатините во одбраната на Рамстор и со борбена и мотивирана игра оставајќи го срцето на терен успеа да дојде до победа од 5-8.

12 април 2017 - 13:23