Вугринец нема да настапи против светскиот шампион

Ивица Обрван го објави скратениот список за двата квалификациски меча против Франција за Европското првенство во 2016 година.

На списокот од 16 ракометари го нема десниот бек Ренато Вугринец кој заедно со Наумче Мојсоски настапува за екипата на Лахвија во Катар, а поради повреда не е во комбинација Никола Марковски.

Новитети во македонскиот национален тим се Жарко Пешевски и Никола Костевски од Металург, а кам бек во репрезентацијата прави Влатко Митков кој не доби шанса од Обрван на Мундијалот во Катар.

Голмани: Ристовски и Ангелов

Крила: Манасков, Ојлески, Георгиевски, Костески

Пикери: Стоилов и Пешевски

Бекови: Миркуловски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мојсовски, Прибак, Митков, Јоноски и Велко Маркоски.

Првиот меч го играме во салата Борис Трајковски на 29 април, а реваншот е закажан за во Тулуз на 3 мај.

Списокот на Французите го имате тука.

21 април 2015 - 17:31