Новата надеж во македонскиот ракомет

Се вика Мартин Томовски, има 18 години и игра за кадетската репрезентација на Македонија. По овие исечоци од вчерашното градско дерби кое го доби Вардар со +4, детево ни дава причина да се надеваме дека ќе биде новиот Борко или Диви. Член е на Металург од 13 години, како младинец собираше искуство и во Пролет, а од ноември минатата година по барање на Лино Червар се врати во Автокоманда. 

5 мај 2016 - 10:27