Горење му се реваншираше на Металург

Македонскиот ракометен првак со пораз ја почнува 2013 година во најелитното клупско ракометно првенство. На тешкото гостување во Словенија Металург загуби од екипата на Горење со 23:19 во 8 коло од Лигата на шампионите.

Натпреварот започна во корист на македонските ракометари кои по 6 минути игра направија водство од 5:2. Одличната реализиција од 8 одбрани на Станиќ во првиот дел, Металург не ја користеше во нападот, по што домаќините по 15 минути игра стигнаа до 6:6.

До крајот на првото полувреме се играше неизвесен ракомет гол за гол, а тоа резултираше со 10:10 на полувремето. Избраницте на Лино Червар беа невнимателни и по првите 30 минути игра имаа дури 5 исклучувања, а тоа беше проблем плус за да стигнеме до водство.

Играта во второто полувреме постојано ја диктираше шампионот на Словенија и ја одржување предноста од 2-3 гола разлика, која на 12 минути до крајот на мечот изнесуваше +4. Червар побара тајмаут, но тоа не промени ништо. Ракометарите на Горење играа подисциплинирано и поконцентрирано и постојано ја одржуваа предноста.

Иако во вториот дел проработе раката на Манасков кој постигна 5 гола, а во првиот дел само еден, тоа беше премалку да се повторни успехот од „Борис Трајковски" каде Металург славеше со 7 гола разлика. Како под притисок играше и Вугринец кој настапи пред своја публика и направи многу грешки во нападот.

Творец на триумфот за Словенците беше Марко Безјак со 7 погодоци, додека во нашиот табор најпрецизен беше Наумче Мојсојски исто така со 7 гола. При евентуална иста бодовна разлика во борбата за втората позиција, Металуг е во подобра позиција поради повисокиот триумф во Скопје.

Претпоследната пречка во првата фаза по групи во Лигата на шампионите за македонскиот првак, е гостувањете против Сант Петерзбург на 16 февруари.

9 февруари 2013 - 18:06