Циндриќ пред 4 години работел на паркинг, а денес е европски првак

Хрватскиот „Јутарњи“ го октрива нетипичниот ракометен пат на неверојатниот Лука Циндриќ кој важел за талентиран фудбалер за кого бил заинтересиран Динамо Загреб, но татко му го убедил да го батали фудбалот и да му се посвети на ракометот.

Пред 48 месеци, Лука играл во Карловац каде бил најдобар стрелец во хрватската лига. Постигнал 123 гола, редовно ги тресел противничките мрежи, но сите зборувале „мал е, нема ништо од него“.

„Работеше на паркинг, па после му се приклучи Вуко Борозан. Тој не можеше да работи затоа што требаше работна дозвола, но подоцна заиграа заедно ракомет и станаа тандем кој четири години подоцна го освои европскиот пехар“, за „Јутарњи“ вели нивниот работодавец од тоа време Давор Златиќ.

Лука Циндриќ како мал во родниот Огулин важел за талентиран фудбалер но фудбалот не го влечел како ракометот. Малку по малку ракометот му станувал прв избор.

„Требаше да бидам фудбалер, одлично ми одеше... На осум години почнав во Огулин и играв до 15. Се сеќавам кога игравме како кадети против Динамо и ги победивме 6:2, а јас дадов четири гола. После тоа добив повик за проба на Максимир но на 14 години родителите мислеа дека е прерано за такво нешто. И не отидов“, се сеќава Лука за своето детство во изјава за Капортал.хр.

Некаде на 14 години сериозно му се развила љубовта кон ракометот и тогаш бил пресвртот во кариерата. Кога еднаш се вратил дома после еден тренинг, татко му Миро Којчин кој долго работел во ракометот го убедувал да му се посвети на спортот кој се игра со раце.

После неколку месеци откако заиграл ракомет на високо ниво, од Сењ како најдобар стрелец требал да оди во големиот Медвешчак, и да студира Кинезиологија во Загреб. Сè било договорено, но на крајот ништо не испаднало и заминал да игра во Карловац.

Младиот Лука во дресот на Карловац

„Циндриќ дојде од Огулин со репутација на добар играч и веќе од стартот напредуваше страшно од ден на ден. Многу е вреден, упорен, доследен. Тоа што е низок никогаш не го сметаше за отежнувачка околност“, вели првиот тренер на Лука во Карловац, Дино Ѓанковиќ.

Висок 185 сантиметри, Лука бил а и денес е понизок од многу негови ривали.

„Секој, ама баш секој тренинг - 200 на час! Стално на глава. Сто пати знаевме да му викаме ’Лука, немој баш секогаш да влегуваш’, но тој едноставно е таков. Во играта еден на еден секогаш со своите предиспозиции беше доминантен но тоа не му беше адут. Циндриќ е најјак ако точно му поставиш цел, задача и мислам дека Раул баш во таа смисла го извлече најдоброто од него. Често се гледаме кога доаѓа, зборуваме баш за тоа. Мислам дека во Келн тоа најдобро се виде“, додава Ѓанковиќ.

Во Карловац Лука најмногу дружел со Вуко Борозан, Црногорецот чии топовски удари беа незадржливи за Омејер и де Варгас.

„Кога ќе се вратиме на Борозан кој денес е најдобриот шутер во Европа тоа беше поголем успех отколку оној на Циндриќ. Зошто? Затоа што дојде многу млад, од Црна Гора, мислам дека клубот му се викаше Цепелин. Отишол на некоја проба, мислам некаде во Сплит и не поминал па го зедовме ние. Технички беше многу лош, но со текот на времето и со голема упорност почна да напредува. Играчки најмногу стаса со Циндриќ. Тие двајца во таа смисла и ден денес се врзани што се гледа и во играта на Вардар каде Раул ги игра во тандем или нив двајца или Карачиќ и Канелјас“, вели човекот кој единствен верувал во Лука и Вуко, браќата по ракомет.

ЗОШТО НИКОМУ НЕ БЕА ПРИВЛЕЧНИ ВО ХРВАТСКА?

-Циндра мислам поради висината, а за Борозан не знам зошто, вели тренерот на Карловац.

Во јануари 2014-та, на повик на великанот Лино Червар, Лука дојде во Металург. Играше како знае, беше засилување, но во тој период Металург западна во проблеми па имаше несогласувања, неисплатени плати и премии, имаше арбитража и на крајот доби раскин на договорот и замина во Вардар. Стана репрезентативец, малку-помалку растеше и ете нарасна во лидер на европскиот првак Вардар.

Лука Циндриќ е роден на 5. јули 1993 година во Огулин. Ракомет почнал да игра во тимот од родното место, потоа се префрлил во клубот Сењ од каде се сели 114 километри подалеку во Карловац. Првиот меч за репрезентацијата на Хрватска го одиграл на 4. април 2014-та против Шведска. Досега има само два настапи за „Коцкестите“.

Циндриќ ќе биде ракометар на Вардар до 2018-та, а потоа се сели во полскиот Кјелце со кој потпиша договор. Таму соиграч ќе му биде и Алекс Душебаев.

Via