Алпски спуст

Зошто во Италија луѓето веќе не одат на стадион како порано

Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?

Лацио продаде 11 сезонски карти првиот ден од продажбата сезонава. Милан петта година по ред ги руши своите антирекорди по продажба на годишни влезници. Во Неапол се протестираше против зголемувањето на цените. Во Италија од година во година сè повеќе навивачи претпочитаат да гледаат фудбал на телевизија, отколку да одат на стадион.

ЗАБРАНА ОД ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ

Повеќето од стадионите во Италија се во сопственост на градовите/општините. Властите не добиваат никаква директна добит од локалните клубови: сеедно им е колку луѓе доаѓаат на стадион, главно им е што го изнајмуваат стадионот на клубот.

Но истовремено градските власти се монополисти на пазарот и им забрануваат на екипите да играат било каде и поспремни се да им дадат земјиште за изградба на спортски објекти.

Газдата на Наполи одамна планира да го пресели клубот од 60-илјадниот Сан Паоло кој е изграден во далечната 1959-та. Минатата есен сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека сака да изгради нов мал дом за 20.000 гледачи каде навивачите ќе може да се чувствуаат како учесници на мечот, а не како театарска публика.

Де Лаурентис знае што зборува. Тој е најголемиот италијански филмски продуцент и работата на благајната добро ја познава.

Планот на режисерот го стопираа градските власти, посебно градоначалникот на Наполи Луиџи де Маџистрис. Тој ветил дека со нивна помош од 25 милиони евра ќе го реновира „Сан Паоло“.

Колку-толку, би рекле тифозите на Наполи кои долги години го слушаат изговорот на власта дека немаат средства за ремонт на „Сан Паоло“. Овој стадион не е уредуван до 1989-та година кога го „лицкале“ за Светското првенство ’90-та.

Но ако Неапол може да го реши прашањето во корист на амбициозниот клуб, останатите клубови во Серија А се во ќорсокак.

ОСТАТОЦИ ОД МИНАТОТО

Не само во Неапол, туку во цела Италија фудбалската инфрастуктура е во длабока стагнација. За Мундијалот ’90-та биле изградени само два нови стадиони: 70-илјадниот „Деле Алпи“ во Торино и 58-илјадниот „Сан Никола во Бари.

Останатите 10 стадиони биле само козметички нашминкани. Но за 30 години во целиот свет облиците на фудбалскиот стадиони се измени. Денес ретко некаде да има неудобен амфитеатар со нездраво растојание од столчето до теренот каде без воен двоглед играчите не може да се видат.

Италија може да ги среди стадионите само ако добие организација на Светско или Европско првенство. Последен фудбалски турнир во Италија било Европско до 17 години во 2005-та.

Јуниорските и младинските форуми не бараат големи вложувања во инфрастуктурата. За две години Италија ќе организира ЕП У-21 но заедно со Сан Марино. За подобро нема пари.

ЛОШ ТРАНСПОРТ ДО СТАДИОНИТЕ

На стадионите во Италија не е само неудобно седењето. Неудобно е и додека стигнеш до нив. Јавниот превоз во Италија е лош, па најлесен начин е да изнајмиш кола или скутер. Патиштата кои ги поврзуваат стадионите со градот често не ги покриваат многу возила, па навивачите мора да паркираат неколку блокови подалеку од местото на натпреваро.

И гужвите во сообраќајот ќе ви го украсат вашиот излет на фудбал преку викенд.

Затоа клубовите се организираат. Милан и Интер организираат специјални автобуси од плоштадот Дуомо до „Сан Сиро“. Иако стадионот на гигантите е недалеку од центарот на градот, подземна станица во непосредна близина на стадионот се појавила дури во 2015-та.

Најмногу од се навивачите се жалат на патот од стадион кон дома кога е голема гужва и возилата се обидуваат да најдат споредни улици.

Италијанците се почесто комфорно гледаат фудбал забодени на каучот, а трибините се полупразни. Според La Gazzetta dello Sport Серија А е попрофитабилна од италијанската економија. Минатата сезона Серија А заработила 2 милијарди евра.

Но трошоците на лигата растат а клубовите се спасуваат со кредити. Со чиста заработка може да се пофалат само I grandi (големите) чиј главен приход се ТВ правата, рекламите и спонзорите.

Бирократските процеси во Италија одземаат големо количество време и средства. Да инвестираш во ТВ права е поселно отколку да градиш нова арена.

Според последните резултати од сезоната 2015/2016 освојувачот на Скудетото заработува најмалку 122 милиони евра, а оној кој ќе заврши последен 22 милиони евра од тв права.

Само 40% од 943 милиони евра рамноправно се дистрибуираат меѓу сите 20 клуба во Серија А. Во Англија кога ги гледаат овие суми љубоморно се смешкаат.

СТРАВ ОД ХУЛИГАНИЗАМ

Како и на Балканов, така и во Италија традицијата семејно одење на фудбал престана поради агресивните навивачи. Пиротехника, навредливи транспаренти и скандирања, нереди, инциденти. Освен тоа, Италијанците се основачи на ултрас-движењето.

Не треба да се мешаат со англиските hools. Кога зборуваме за најжестоките навивачи на памет ни паѓаат Турци, Грци, Срби, Полјаци, Руси, но во Италија тифо-движењето датира уште од 1960-та. Од тогаш навивачите се однесуваат непријателски на трибините и надвор од нив против ривалите а понекогаш и против своите управи.

Најопасни се ултрасите на Лацио, Рома, Сампдорија, Џенова и Верона. Не така одамна навивач на ЦСКА Москва па и на Ман. Јунајтед беа избодени пред средби од Лигата на шампионите.

Навивачите на Лацио после триумфот во Coppa Italia 2013 шетаа низ Рим со ковчег украсен со венци во кој ритуално „ја погребаа“ Рома. Ова е смешен перформанс кога го гледаш на Инстаграм, ама ако се запознаеш со таа толпа нема да се воодушевиш.

Тифозите на Палермо во минатото го врзале Андреа Барѕаљи а навивачите на Милан му го расипаа прошталниот меч на Паоло Малдини. Курва Суд (водечката ултрас група на Милан) извади банер: „Ние имаме само еден капитен - Франко Барези“.

’Класик вжанра’ беа навивачите на Интер пред 15-ина години кога украле веспа од навивач на Аталанта, го внесле на трибината и им го фрлија од горе на гостинските навивачи.

ОДНОСОТ ЦЕНА-КВАЛИТЕТ

Италијанците можеш да ги излажеш со се, но не и со добриот вкус. Во Серија А веќе не доаѓаат најголемите светски ѕвезди, а освен Јувентус во Лигата на шампионите не се бори никој друг.

Тоти е пред крај а со него завршува сјајната ерна на Италија од ’90-те со Баџо, Дел Пјеро, Недвед, Костакурта, Малдини, Веа и други икони.

И пред десет години невозможно беше да се замисли ситуација во која фудбалери како Златан Ибрахимовиќ или Тиаго Силва ќе го напуштат Милан за ПСЖ.

На стадионите останаа само најверните и оние „болните“ по фудбал кои се спремни да бидат со екипата и во успех и во неуспех. Но таквите се малку. Па дури и за нив управите на клубовите набиваат високи цени на карти. Најевтината карта е 25 евра, но и тогаш цената не одговара на квалитетот.

Просечна гледаност на клубовите во сезона 2016/2017:

1. Интер 43.595 гледачи во просек (капацитет на стадион 80.018) - продадени сезонски 23.500
2. Милан 42.501 (80.018) - продадени сезонски 14.905
3. Јувентус 40.122 (41.000) - продадени сезонски 29.300
4. Наполи 30.144 (60.240) - продадени сезонски 9.200
5. Рома 28.910 (72.700) - продадени сезонски 18.639
6. Фиорентина 26.031 (47.282) - продадени сезонски 20.154
7. Џенова 21.169 (36.536) - продадени сезонски 18.041
8. Сампдорија 20.362 (36.536) - продадени сезонски 16.789
9. Торино 19.639 (27.128) - продадени сезонски 11.468
10. Лацио 19.456 (72.700) - продадени сезонски 11.500