Што значи да водиш двоен живот како хулиган и фамилијарен човек

Ник Хеј има зад себе 10 годишен навивачи живот полн со патувања во холандскиот фудбал. Денес учествува во тепачка по која треба жив и здрав да се појави пред жената и децата, а утре дотеран и спастрен во костум да замине на работа како ништо да не било.

Искусен канцелариски работник може да куца на тастатура со брзина од 150 отчукувања во минута, а замислите како го прави истото со два скршени прста. Не може да постигне повеќе од 30.

Тоа му се случило на Ник Хеј зад кој се крие анонимен навивач од Холандија кој не открива ниту за кој клуб навива, туку го раскажува ризикот како е да се биде жесток навивач, а истовремено да се биде семеен човек и секој ден да се оди на работа.

„И така седев во канцеларија во тегет Хуго бос костум и трпев тешки болки“.

„Знаете, не е баш едноставно да му речете на шефот: `Отидов до болница да ми ги прегледаат двата скршени прста, бидејќи синоќа се тепав на фудбалски натпревар. Веројатно сте читале за тоа во весниците`. Со оглед на тоа што мојот двоен живот како фудбалски хулиган со себе носеше одредени ризици и во тоа четврточно утро ми стана совршено јасно дека ќе искуцам ни повеќе ни помалку туку 30 пати во минута“.

„Еднаш морав да ја напуштам роденденската прослава на таткото на мојата сопруга кој полнеше 50 години. Пријателите ме чекаа пред врата, додека зад нив стоеше кола спремна за тргнување. Нашите ривали се собрале во огромна бројка во центарот на градот. Пред да ја затворам вратата, го грабнав омилениот чадор на чичкото на сопругата. Би можел да ми користи. Таа ноќ не се вратив дома и преспав на валкан душек и пластична перница во локалната полициска станица. И ден денес се сеќавам на воздухот кој дуваше од дупката на перницата при секое мое вртење на главата“.

„Кога се вратив дома, затекнав искинати парчиња хартија со телефонски броеви од полициски станици и болници. Кај што ме уапсија, па уште и не се јавив дома. Додека таа ноќ се нервирав поради некаков си воздух кој дуваше од мојата перница, дома биле во паника и се обидувале да го мобилизираат цел град. Нема да ве изненади ако ви кажам дека две недели подоцна ми заврши бракот“.

„Десет години со особено внимание балансирав во животот со овие два крајности. Речиси никој не знаеше ништо за мојот двоен живот. Моите фудбалски пријатели знаеа за мојот социјален живот, но моите колеги и повеќето луѓе околу мене, немаа појма за мрачната страна на работите. Денес верувам дека поради тоа што ги криев работите, сè беше повозбудливо“

„Тоа се случи некаде 2009 година, пред крајот на мојата активна кариера како навивач. Фудбалската сезона ништо не ја прави повозбудлива од ждрепката за домашниот Куп. Просечен идиот од било кој клуб на почеток на сезоната фрла око на коефициентите и веднаш се клади на некој важен меч против еден од големите клубови. Тоа никој не мора да го крие од семејството и колегите. Но интересното е во натпреварите од првенството кое трае долго. Не ви остануваат слободни денови и веќе сте направиле планови за работата и со семејството. Тогаш се вкрстуваат вашите два животи – нормален и хулигански“.

„Среда навечер е термин за Куп натпревари. Натпреварот почнува во седум. Катастрофа за секој хулиган кој има жена и деца. Тој ден мора некако да се ослободите и следниот ден да бидете способен да се појавите пред шефот и сопругата. Тоа претставува сериозен ризик“.

„И така тоа утро на работа набрзина ги завршив обврските, а потоа си заминав со некои лоши изговори. Беше време повторно да и се препуштам на темната страна“.

„Понекогаш е доволно само еден ден во кој ништо нема да ти тргне, а тоа беше таа ужасна среда. Организацијата ни беше сиромашна и завршивме на десната долна страна на трибината. Гледавме како огромна група на навивачи руши сè пред себе и се движи накај нас. По грубата тепачка имав рани на нозете и два скршени прста“.

„Наредниот ден на работа се сопнав од глупавиот килим и морав да ги кријам болките. Се однесував како ништо да не се случило. Колегата од сметководство ми зборуваше дека претходната ноќ имало немири на стадион, нарекувајќи ги навивачите дека голем срам. Истовремено ги чувствував моите скапи панталони како се лепат на раните на бутовите од моите нозе. Мојата гордост претрпе пораз, а тоа бара повеќе време за оздравување“.

„Сепак тоа чувство на гордост беше мојата главна мотивација и причина што бев спремен на прокоцкам сè што имав во животот. Повеќето луѓе живеат работејќи некоја добра работа, имаат добра кола и пристојна плата, но јас се идентификував повеќе со другата страна на мојот двоен живот: хулиганство и его“.

„На крајот мојот живот како фудбалски хулиган ме чинеше губење на одличната работа, бидејќи службата за безбедност ме обележа како закана за националната безбедност. Се разбира, сметав дека тоа е претерување, но поголемиот дел од заработените пари ги потрошив на своето хоби, а тоа го платив и со одмори и земање слободни денови. Ако не се занимавав со хулиганизам, веројатно ќе го завршев факултетот пет години порано. Сега имам куче, куќа и преубава жена. И покрај сè, во ниту еден момент не жалев за таа среда кога смислив изговор да излезам од работа и да одам да го живеам другиот живот“.

18 јануари 2017 - 14:53