Седум флаши вино за седумте гола против Рома

Манчестер Јунајтед пред 10 години ја смачка Рома во Лига на шампиони со 7:1. Одличен повод за навивачите на Лацио со години да му фаќаат сеир на нивниот најголем ривал за висината на поразот.

На социјалните мрежи се рашири писмо кое во таа 2007-ма навивачите на Лацио му го испратиле на Сер Алекс Фергусон и неговите играчи како знак на благодарност.

„Ние сме навивачите на Лацио, најстариот клуб од Рим и сакаме да ви честитаме за извонредното издание во четвртфиналето од ЛШ против Рома на Олд Трафорд.

Како што знаете, римското дерби е едно од најжестоките во светот и едно во 365 дена во годината. Вашите 7:1 против вториот клуб од Рим веќе доби место во историјата на вечниот град кај спомениците кои го направија овој град познат.

Ве молам прифатете го овој подарок, седум флаши црвено вино за потсетување на седумте гола кои ги постигнавте и во знак на пријателство и благодарност. На здравје“.

 Головите од мечот

5 јануари 2017 - 11:59