Нема прекинати летови, навивачите на Манчестер одат во Шведска

По терористичкиот напад во Манчестер Арената синоќа, каде загинаa 22 луѓе а повредени се повеќе 59, финалето на Лига Европа и најважниот меч на Јунајтед сезонава некако е во втор план.

Манчестер Арена е втора најголема концертна сала во Европа (прва е Анверса во Белгија) и собира 21.000 гледачи. Идентитетот на жртвите од синоќешниот напад се уште не е објавен и постои страв дека повеќето од нив се деца којшто го слушале концертот на американската поп пејачка Ариана Гранде синоќа.

Терористичкиот напад се случи во пресрет на големото финале од Лига Европа во кое играат Манчестер Јунајтед и Ајакс. Натпреварот ќе се одигра утре вечер од 20:45 на „Френдс Арената“ во местото Солна близу Стокхолм.

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед со соопштение преку социјалните мрежи изрази длабока загриженост и шок за синоќешниот напад. Тимот од „Олд Трафорд“ изрази и сочуство и жалење до сите кои ги загубиле најблиските. 

Манчестер Јунајтед попладнево треба да отпатува во Стокхолм од каде ќе замине веднаш после мечот утре вечер. Управата на клубот побарала од УЕФА играчите да може да носат црн флор на ракавите во знак на сочуство за жртвите од терористичкиот напад во Манчестер.

Се огласи и Манчестер Сити кој што исто така изрази сочуство за ужасниот настан во Арената.

Доцна синоќа на Твитер профилот на Манчестерскиот аеродром стои дека летовите денес нормално ќе функционираат. Тоа значи дека навивачите на Јунајтед ќе можат да отпатуваат на финалето од Лига Европа утре вечер во Шведска.