Навивачите на Ден Хаг и плишаните мечиња

Големото дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ден Хаг го одбележа можеби потегот на сезоната на гостинските навивачи. Откако станало извесно дека дуелот ќе го гледаат деца со разни заболувања од ротердамската болница „Sophia“, навивачите на Ден Хаг дознале дека ќе седат во секторот над трибината каде што ќе бидат децата, па решиле да ги израдуваат.