Навивач на Јувентус место во Кардиф отишол во Кадиз

Еден млад навивач на Јувентус објавил на својот Инстаграм профил фотографии и коментар во кој признава дека го помешал Кардиф со шпанскиот град Кадиз и го утнал финалето на Лига на шампиони.

Да не се знае добро географија знае да биде зезнато, а уште позезнато ако Кардиф се помеша со Кадиз. Анонимниот навивач на Јувентус на Инстаграм објавил слика која што ја направила девојка му и на која се гледа како позира на морскиот брег во Кадиз. И ништо чудно до моментот додека не го прочитате коментарот од страна:

„Се чуствувам помалку глупаво но верувам дека вредеше да се допатува во овој прекрасен шпанки град. Ќе се сеќавам секогаш: Кардиф не е Кадиз. #Cadiz #Espana #Confuso.

23-годишниот навивач на Јуве почнал да сомнева дека ја утнал работата кога на аеродромот во Мадрид разбрал од некој човек дека стадионот во Кадиз собира 23.000 гледачи. Му паднало чудно како УЕФА организира финале на Лига на шампиони на така мал стадион.

На крајот Јувентус загуби со 1-4 од Реал Мадрид, а младиот Италијанец после мечот шетал по Херез де ла Фронтера.