Најголемиот момент во историјата на тифо движењето

На 11.11.2007 година, пред точно девет години еден од најомилените навивачи на Лацио, познатиот римски ди-џеј Габриеле Сандри (26) беше убиен од залутан куршум на полицаец на автопатот кај местото Бадја ал Пино близу градот Арецо.

Габо седел во автомобил со другарите кога во врат го погодил куршум испукан од полициски службеник наводно со цел да ја растера групата навивачи на Лацио која што каменувала тифози на Јувентус.

На погребот на Габо Сандри се појавил спортскиот свет од Италија. Дошле претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Луиџи Абете, тренерот на Рома Лучано Спалети, Франческо Тоти кои во солзи го гушнал семејството на Габриеле и многу други познати спортски личности.

По убиството, бесните навивачи од цела Италија протестираа по улиците, а претседателот на Лига Калчо Антонио Матарезе и шефот на полицијата Антонио Манџанели одлучиле мечот меѓу Интер и Лацио на кој патуваше и Габо Сандри да биде одложен. Сите останати мечеви почнаа со 10 минутно задоцнување во чест на убиениот Габо Сандри.

Дуелот Аталанта - Милан беше суспендиран поради тоа што локалние ултраси од Бергамо планирале да ја скршат заштитнтата ограда од плексиглас, да влезат на терен и да го прекинат мечот.

Во Рим веќе беа нападните неколку полициски станици, поради што Италијанската фудбалска федерација одлучи да го одложи и мечот меѓу Рома и Каљари вечерта на „Олимпико“, поради голем ризик од нереди.

И покрај целиот метеж околу судењето на полицаецот Луици Спакаротела кој се бранел дека испукал во воздух со цел да ги раздвои завоените групи, тој доби само 6 години затворска казна поради што навивачите уште толку разулавеа. Наскоро судот му ја зголеми казната на убиецот на 9 години и 4 месеци.

Првото следно римско дерби одиграно на 19 март 2008 година беше едно од најемотивните во историјата на нивните меѓусебни дуели.

Ултрасите од двете страни првпат беа сложни околу едно, дека „Солзите не познаваат бои“ (Le lacrime non conoscono colori). Капитените на двата тима, Томазо Роки и Франческо Тоти положија цвеќе под големото знаме со ликот на Габо Сандри на трибината кај Лацијалите. Во тој момент плачеше речиси цел стадион.

Шалови од многу навивачки групи од Европа на местото на убиството

Со пригодна кореографија од Габриеле Сандри се простија и навивачите на Интер кои важат за блиски до Иридучибили, водечката група навивачи на Лацио:

Франческо Тоти со солзи пред навивачите на Лацио изрази сочуство:

„Габо живее“ - парола од македонските навивачи на Лацио на мечот со Работнички во Скопје 2011-та