Мал навивачки гест, голема порака

Од италијанските навивачи неделава пристигнаа две силни пораки. Првата беше од навивачите на Наполи кои со илјадници слики од Кулибали упатија остри критики до расизмот, а втората е невообичаена и со неа се рушат бариери.

Авелино загуби на гостувањето против Новара со 4:1 во меч од Серија Б, а таму имаше поддршка од 500 навивачи кои допатуваа да ги бодрат. По последниот свиреж на судијата тие не заминаа дома, туку следуваше трето неочекувано полувреме.

Мал дел од гостинските навивачи останаа во градот и се појавија на натпревар каде играа деца. По завршувањето на мечот ги повикаа да им се придружат и да пејат заедно.  

Видеото стана хит во Италија и има над 300.000 прегледи, а во него пишува дека ова се 10 незаборавни минути за децата.

По објавувањето на видеото, се огласи и тренерот на децата:

Се викам Нобиле и сум одговорен за младинскиот погон кој тренира во Сан Џакомо, Новара. Можам да ви ја потврдам добрината во објавеното видео и природноста на тоа што се случи помеѓу навивачите на Авелино и моите деца.

Гест кој ги урива сите бариери и кој не доведува до здравите вредности на спортот. Ова искуство на сите нас ни остава огромна вредност и се надевам дека може да ни поттикне свест да го гледаме спортот со очите на децата.

Им благодарам од срце на навивачите на Авелино и на сите други од цела Италија за пораките кои ги добивме. Ве поздравувам со надеж дека оваа мала акција може да ни помогне на сите нас да го живееме најубавиот спорт во светот едноставно и спортски и верувам дека штом една ваква едноставна прегратка меѓу навивачи и играчи предизвика толку позитивни реакции, тогаш можеби имаме потреба токму од таков дух.

Навивачите на Авелино кој во моментов е дел од Серија Б важат за едни од најверните и најкоректни навивачи во Италија. Без разлика на тоа во кој ранг се натпреварува нивниот омилен тим, тие ги красат трибините и делат лекции по кореографии и бројност.

И на кошарка

Ако не доаѓам значи дека те сакам и те бранам.

10 февруари 2016 - 15:52