Како се расправаат навивач на Интер и навивачка на Јуве

За притисокот врз судиите ги бие лош глас во Италија уште од времето на Ањели и Моџи, па еден огорчен навивач на Интер собирал спорни ситуации од целава сезона со кои нападна навивачка на Јуве која ја слави петтата титула по ред и која се реши за кус одговор. Вака оди тоа по блоговите.

Навивачот на Интер:

3. коло: Јувентус - Киево 1:1
- Во 62 минута поништен регуларен гол на Цезар за 2:0 за Киево и подарен непостоечки пенал за Јувентус.
 
4. коло: Џенова - Јувентус 0:2
- Недосуден чист црвен картон за Марио Лемина од Јуве, подарен непостоечки панал и недосуден пенал за Џенова.
 
5. коло Јувентус - Фрозиноне 1:1
- Недосуден пенал за гостите откако Барцаљи играше со рака за што треба да следува и црвен.
 
7. коло: Јувентус - Болоња 3:1
- Досуден непостоечки пенал за Јуве.
 
8. коло: Интер - Јувентус 0:0
- Недосуден пенал за Интер за играњето со рака на Бонучи.
 
9. коло: Емполи - Јувентус 1:3
- Недосуден црвен картон за Буфон кој го собори Пучарели надвор од шеснаесетник, а третиот гол на Јуве беше од офсајд.
 
13. коло: Јувентус - Милан 1:0
- Чист недосуден пенал за Милан и црвен за Бонучи.
 
14. коло: Сампдорија - Јувентус 1:2
- Недосуден пенал за Сампдорија.
 
16. коло: Болоња - Јувентус 0:0
- Имаше жолт картон за Бонучи, чист пенал за Болоња, а Бонучи и Маркизио играа со рака во шеснаесетникот.
 
17. коло Јувентус - Интер 2:0
- Досуден непостоечки пенал за Јуве.
 
18. коло: Аталанта - Јувентус 0:2
- Недосуден црвен картон за лактот на Сандро.
 
19. коло: Јувентус - Сасуоло 1:0
- Недосуден црвен картон за лактот на Маркизио и недосуден пенал за Сасуоло.
 
20. коло: Торино - Јувентус 1:4
- Недосуден втор жолт картон за Алекс Сандро кој направи прекршок за пенал. Поништен чист гол за Торино поради непостоечки офсајд. Недосуден црвен картон за Бонучи за насилнички однос кон судијата.
 
21. коло: Милан - Јувентус 1:2
- Фаул на Погба пред да го даде голот
 
35 коло: Фиорентина - Јувентус 1:2
- Поништен гол на Бернадески на 0:0 и недосуден пенал за Алонсо.
 
Навивачката на Јувентус

- Дечко ти имаш ли приватен живот? Имавте 12 бода повеќе, сега имате 12 бода помалку. Вината е во твојот тим, слаби сте, точка. 
29 април 2016 - 12:02