Говорот на ултрасот што ја подели Италија

Видеото во кое водачот на навивачите на Сампдорија им држи говор на играчите кои се борат за опстанок во лигата ја подели Италија. Едни се чудат како некој таму безделник го постројува целиот тим, а други се согласуваат со неговиот збор дека кој не е спремен да се бори нека крене рака и нека напушти.

„Дојдовме и покрај дождов, и покрај сè. Не навлегуваме во тоа како играте и зошто играте слабо, не сме тренери, ние сме навивачи на Сампдорија. Две работи имаме да ви кажеме: Кој не е спремен од утре, нека крене рака. Второ нешто: Победете к***в ми, победувајте!“

2 март 2016 - 10:31