Албанци направија прекин на мечот со Италија

Во 55’ минута од дуелот од нашата квалификациска група меѓу Италија и Албанија (2:0), гостинските навивачи кои допатуваа во Палермо фрлаа голем број бакљи и петарди на теренот поради што судијата мораше да го прекине дуелот на десетина минути. Во гостинскиот сектор била навивачката група Плисат од Приштина.