Кошарка

Кајри Ирвинг: Ѓоковиќ е мој брат на овој свет, заедно поминавме низ пекол

Големата НБА суперѕвеза Кајри Ирвинг кој сега настапува за Далас Маверикс во тандем со Лука Дончиќ, вели дека српскиот тенисер го смета за свој брат поради страшните притисоци низ кои минале поради одлуката да не се вакцинираат против вирусот во глобалната пандемија.

А кој ти вика не може од седечка положба?

Австралиецот Џош Гиди одигра врвен меч со дури 31 поен, седум скока и четири асистенции но неговата Оклахома Сити Тандер загуби од Хјустон Рокетс после продолженијата 132:126. Гиди во финишот на дуелот постигна дури и кош од седечка положба.

Драјмонд Грин исклучен во 3-та минута

На мечот кој Голден Стејт Вориорс го доби против Орландо Меџик 101:93, центарот на гостите Драјмонд Грин беше исклучен после само три минути откако доби две технички грешки зошто непрекинато во лице им дофрлал на судиите. Арбитрите претходно не досудиле наводен фаул над Вигинс, а тоа го изиритирало Грин кој верувале или не сезонава пропушти 16 меча поради суспензија.

Два јаки статистички податоци на Јокиќ кои ги немал друг играч во НБА

Денвер Нагетс загуби од Феникс Санс со 104:97 и ова им е трет пораз после паузата за Ол старот по која имаат 15 победи. Кевин Дурант беше најдобар на паркетот со 30 поени, 13 скока, 3 асистенции и 5 блокади, а на Јокиќ му фалеше само еден скок за нов трипл дабл. Мечот го заврши со 22 поени, 10 асистенции и 9 скока. Погледнете ги неговите најнови фасцинантни бројки кои ги нема друг во историјата на НБА.

Фора на Јокиќ која не му проаѓа кај судиите

Кошаркарската интелигенција и југословенскиот баскетџиски мангуплук е она што Никола им го продава на Американците на импресивен начин. Ама ова финтаџиско изнудување на фаул далеку од противничкиот кош, не му помина синоќа против Мемфис. Креваше раце пред судиите и тој и тренерот Мелоун.

Ја изделка таблата а?

Најмногу сеир во маало на баскет имаше кога некој ќе направи бунар или ќе ја изделка таблата. Тоа знае да се случи и во АБА лигата, а му успеа на Стефан Лазаревиќ од Црвена Ѕвезда на мечот против Мега Лекс. Клештење е на Твитер. „Ugojila se tabla“, стои во еден од коментарите.

Дончиќ направи дар-мар со нов трипл-дабл па даде прогноза за Ф4

Далас Маверикс славеше на тешкото гостување кај Јута Џез 115:105 во „Делта центар“ а тандемот Дончиќ-Ирвинг одигра маестрална партија.

Кам бек на Јокиќ со нова моќна партија и серија на атракции

И покрај тоа што се најавуваше дека ќе го нема на уште една средба поради ситна повреда, сепак Никола Јокиќ го пропушти само мечот против Портланд и се врати за битката против Мемфис. Само 2 асистенции му фалеа за нов трипл дабл, но и без тоа режираше нова компилација на јаки потези.

Топ 3 тазе врвни потези на Јокиќ

Денвер Нагетс го доби Портланд без Никола Јокиќ кој поради повреда веројатно ќе го пропушти и мечот со Мемфис. Тоа не значи дека нема што да се гледа од него. Од неговите нестварни решенија во напад на последниот дуел против Њујорк, некој се сетил да направи супер атрактивен клип со соодветно музиче.

Браво мали, така се станува голем играч

Иан Плаету е најголем хит во кошаркарска Шпанија. На дербито меѓу двата најголеми клуба од Каталонија во шпанска АЦБ лига меѓу Хувентуд Бадалона и Барселона, гостите воделе убедливо па во финишот, па домашниот тренер решил да направи интересна замена. Од клупа влегол 16-годишниот Иан Платеу кој истрчал една минута а за тоа време одиграл неверојатна одбрана над Вили Ернангомез, лидерот на Барселона кој до скоро играше во НБА.

Кошаркар на Партизан требаше да наброи три држави кои би ги посетил и се избламира

Ален Смаилагиќ од Партизан или имал Географија кец или го пукна трема, па не се ни поправи што кажа.

Невообичаен кошаркарски габарит здроби под кош и запиша историски пресврт

Дуото Јокиќ-Дончиќ е мега актуелна балканска приказна во НБА и поим за доминација, но пазете ја вие оваа женска кошаркарска атракција која ги наполни насловните страници во САД.

Босански тајм аут кој требал да оди без звук

Јосип Панџа е релативно млад тренер од БиХ, генерација 87-ма, а го води хрватскиот кошаркарски клуб Шибенка кој загуби во АБА 2 од Сутјеска. Не им добро, имаат 1 победа и 11 порази. Мислевме дека Жељко и Вујо се најмногу по пцуењето.

Во НБА три години немало толку забивања на еден меч

Далас Маверикс со 113:97 ја совлада Јута Џез и одржа чекор во трката за плејоф пласман. Мавси ги водеше нивниот лидер Лука Дончиќ со 34 поени, девет скока и осум асистенции а одличен беше и Даниел Гафорд со 24 поени, седум скока и пет асистенции. На овој натпревар за првпат после три години во НБА имаше 18 забивања. Од 2021-ва на еден дуел немало толку „куцања“.

А ги видовте ли спектакуларните цепелини во режија на Дончиќ и Ирвинг?

Паралелно со Јокиќ, ноќеска беше забавно и кај Лука Дончиќ кој со 34 поени, 9 скока, 8 асистенции и 4 украдени топки го предводеше Далас до победа над Јута Џез од 113:97. Имаме два задолжителни клипови од тој меч.

Амбиентот на Партизан - Реал Мадрид

Европскиот шампион Реал Мадрид уште еднаш ја потврди својата класа откако синоќа во Белград ја запиша 24. победа во Евролигата. „Кралевите“ славеа 76:88 против Партизан и го потврдија и теоретски првото место на табелата. Црно-белите ги чека жустра борба за место кое води во плеј-ин разигрувањето.

Не е нормален, почна и зад кош да постигнува поени

30 поени, 14 скока и 11 асистенции. Трипл дабл број 22 сезонава, вкупно 126 во регуларниот дел од сите сезони плус 16 во плејоф битките прават вкупно 142 во кариерата.

Добар ли е Харден со паметот?

Лос Анџелес Клиперс води против Портланд со 21 разлика. „Брадата“ лабаво, како во маало со другарите, оди да лепи играч кој шутираше тројка, ама играч од негова. И овој промаши нормално.

Бројките на Дончиќ со кои е кандидат број 1 за МВП

„Мислам дека 100% го заслужува МВП признанието. Но, тоа не е моја одлука, да бидам искрен“, изјави пред само два дена Никола Јокиќ за Лука Дончиќ. И е потполно во право.

Новак изведе тројка како Леброн, овој му одговори

Најдобриот светски тенисер го искористи престојот во САД да изгледа неколку врвни НБА натпревари меѓу кои и дерби дуелите Голден Стејт Вориорс - ЛА Лејкерс. Додека бил во „Крипто Арена“ (некогашен Стејплс Центар) го имитирал Леброн во шутот за три поени а Џејмс му одговори: „Хахахаха, нималку лошо пријателе мој! Право во центар“

Реакцијата на Кајл Андерсон додека Едвардс забива како луд

Ентони Едвардс одигра фантастична партија против Јута со 32 поени, 7 скока, 8 асистенции, 2 блокади и една украдена топка. Но она што ќе го памети цел живот е забивањето на кариерата кое ќе му го пуштат веднаш после натпревар. Реакцијата на Андерсон е прајслес.

Монструозно забивање на Ентони Едвардс, има двајца повредени

Минесота Тимбервулфс ја доби Јута Џез со 114:104, а НБА го доби можеби најјакото забивање на сезоната или барем едно од најјаките. Ремек делото го режираше големата ѕвезда Ентони Едвардс кој ја заби брутално преку Џош Колинс. Страшен потег во стилот на Винс Картер.

Судир меѓу Јабуселе и Кампацо, ама Серхио Љуљ е стар волк

Во дербито на 25. коло од шпанската АЦБ лига, Реал Мадрид на гости ја совлада Уникаја 81-87. Најефикасни беа Џанан Муса со 19 поени, четири скока и три асистенции, Факундо Кампацо со 11 поени и седум асистенции како и Еди Тварес со 11 поени и шест асистенции. Во еден момент жестоко се скарале незгодниот Жерсон Јабуселе и Кампацо а Љуљ приметил дека „некој меѓу нив не е нивен“.

Прекин во Чаир, МЗТ напуштил терен поради физички напад

Во натпревар од 20. коло во Првата македонска лига синоќа меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје се случи прекин затоа што при резултат 42-44 за гостите, на полувреме биле физички нападнати играчите и тренерите на Аеродромци.