Портланд даде 130 коша, нов пораз на Лејкерс

Перо Антиќ од натпревар во натпревар добива поголема минутажа во Атланта. Во вчерашниот триумф против Јута Џез, Антиќ одигра 20 минути и постигна 5 поени со 5 скока.

Вечерта во НБА ја одбележија Њујорк и ЛА Лејкерс со нови порази, како и Портланд кој славеше над Денвер 130:113. На крајот од прво полувреме Блејзерс - Нагетси беше 84 - 50.

Коби Брајант уфрли 33 коша (10/28) а имаше и 5 скока, но тоа не беше доволно Лејкерс да го избегнат и седмиот пораз на последните осум натпревари. Њу Орлеанс беше подобар од ЛА Лејкерс 109:102, а најзаслужни за победата на домашните беa Ентони Дејвис со 25 коша, 12 скока и 6 блокади и Тајрик Еванс со 19 коша и 11 асистенции. Кај Лејкерс, покрај Брајант, двоцифрени беа уште и Карлос Бузер со 16 и Лин кој додаде 15 коша.

Атланта на Антиќ победи и трет пат во низа, откако синоќа славеше над Јута Џез 100:97. Пол Милсап уште еднаш покажа дека игра во животна форма, откако постигна 30 коша, а имаше и 11 скокови. Свои заслуги во победата на „јастребите“ имаше и Кајл Корвер со 17 поени и 10 скока. За 20 минути колку што беше на паркетот, Антиќ даде 5 коша и 5 скока. Кај „џезерите“, Алекс Буркс броеше до 21 поен. Во следното коло, Атланта која има 4 победи и 3 порази, го пречекува Мајами.

Седмиот пораз во сезоната, на осум натпревари го претрпе и Њујорк Никс. Џеј Ар Смит имаше шут за победа во последната секунда, но не успеа да ги спаси Никси од пораз против Орландо 97:95. Еван Фурније со 28 коша беше прв стрелец кај Меџикс, а во тимот на Њујорк, Кармело Ентони стигна до својот просек сезонава од 27 поени (10/17), со 5 асистенции.

Резултати НБА:

Вашингтон – Детроит 107:103
Атланта – Јута 100:97
Бостон – Оклахома 94:109
Мајами – Индијана 75:81
Њујорк – Орландо 95:97
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 109:102
Денвер – Портланд 113:130
Феникс – Бруклин 112:104
Минесота – Хјустон 101:113

13 ноември 2014 - 09:53