Перо Антиќ и официјално е член на Атланта

Историски момент за македонската кошарка. Перо Антиќ е првиот кошаркар од Македонија кој ќе игра во НБА лигата откако Атланта Хоукс и официјално објави за договорот со нашиот капитен.

Македонскиот репрезентативец потпиша договор со Атланта Хоукс! Договорот трае на една плус една година, а повеќе детали не се соопштени.

„Перо е вешт и сестран висок играч кој ќе ни донесе дополнителен квалитет под рекетот. Тој добро ќе се вклопи во она што го градиме и ние сме возбудени што тој ќе му се приклучи на нашиот тим", изјави Дени Фери, генералниот менаџер на Атланта.

Перо Антиќ во моментов е највисок играч во ростерот на Атланта Хоукс. Новиот тим на Антиќ има титула од далечната 1958-та година, а 6 сезони по ред е учесник во НБА плејофот.

25 јули 2013 - 22:09