Новиот Мурешан кој расте по 10 см годишно

Роберт Боброцки е за нас непознато име во кошарката. Се работи за дете од Романија кое на 13 години, (тоа кај нас ќе му дојде седмо одделение) е повисок од Шекил О`Онил, Сабонис и уште ред други бивши или сегашни НБА центри.

За Боброцки не е за издвојување тоа што е највисок во клас во негова генерација или во сите школи во Романија, туку тоа што со 13 години тој е највисок кошаркар во Европа, а моментално ниту во НБА лигата нема висок колку него.

Роберт е висок 226 см, а во најквалитетната кошаркарска лига во светот моментално најголемо магаре е 27 годишниот Хашим Табит (221см) од африканската земја Танзанија кој настапува за Оклахома Сити.

Тој во просек расте по 10 см годишно, а доколку продолжи така нема да има потреба да скокне за да ја закуца.

Романскиот тинејџер е дел од младинската академија на италијанскиот клуб Стела Аѕура од Рим, а со оглед на висината, веројатно ќе поднаучи доволно за во иднина да го драфтуваат во НБА.

Од Романија потекнува еден од највисоките играчи во историјата, Георге Мурешан кој беше висок 231 см и играше за Вашингтон и Њу Џерси.

На 11 март 2007 година тој одигра меч за Мериленд Најтхокс како дел од највисоката петорка во историјата на кошарката. Тоа беше единствената средба на која на паркетот се појави повисок човек од него, Кинезот Сун Минмин (236) за кој велат дека е највисокиот кошаркар во историјата кој се бавел професионално со овој спорт.