Неприкосновената Атланта брои до 18 по ред

Со 39 победи и 8 порази, составот на Мајк Буденхолзер во моментов е најдобриот тим во НБА лигата откако со пресврт го збриша и Портланд. Втор пораз во низа за Голден Стејт кој загуби од Јута, осма победа по ред за Кливленд предводен од повратникот Леброн Џејмс.

Кошаркарите на Атланта станаа петтиот тим во историјата на НБА лигата со 18 победи во низа остварени пред Ол старот. Сите претходни екипи успеаа да стигна до финале, а три од нив го освоија шампионскиот прстен. Последниот пораз Хокси го имаа лани на 26 декември.

И покрај тоа што Портланд го имаше расположениот Ла Маркус Олдриџ кој беше најдобар поединец со 37 поени и 11 скокови, Хокси беа подобри и со пресврт во последниот период кој го добија со 36:25 славеа со 105:99.

Атланта во последните 10 минути од мечот од поле шутираше со фантастиќни 71,4% реализација, а Блејзерси 30,4%. Шестмина кошаркари кај „Јастребите“ партиципираа со двоцифрен број на поени, а најпрецизен беше Пол Милсап со 21 поен. Перо Антиќ 12-те минути на паркетот ги искористи со 7 поени и три скока.

Најдобриот потег на мечот

Стратегот на Далас Рик Карлајл се радуваше на победата број 600 во својата тренерска кариера откако неговиот тим беше подобар од шампионот Мајами со 93:72. Чарли Вилануева беше најпрецизен со 20 поени, а Елис и Новицки помогнаа со по 12 коша. Карлајл стана 24-от тренер во НБА лигата кој стигнал со толкав број на победи.

По пауза на минатиот меч поради висок пулс, Леброн Џејмс се врати на паркетот и со 19 поени му помогна на Кливленд да стигне до деветта победа во низа. Кевин Лав и Кајри Ирвинг заедно постигнаа 44 поени, а Сакраменто беше поразен со 101:90.

Топ 10 потези:

РЕЗУЛТАТИ:

Сакраменто - Кливленд 90:101
Голден Стејт – Јута Џез 100:110
Филаделфија – Минесота 103:94
Хјустон – Бостон 93:87
Торонто - Бруклин 127:122
Далас – Мајами 93:72
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 103:108
Чикаго Булс - Феникс 93:99
Минесота – Феникс 94:103
Портланд – Атланта Хокс 99:105

31 јануари 2015 - 11:01