Леброн сам ја победи Атланта, Кливленд води 2-0

Џејмс постигна 30 поени во натпреварот во кој Кавалирс играа без Кајри Ирвинг и слаеа 94:82. 13 минути и еден поен за Антиќ.

КЛИВЛЕНД - АТЛАНТА 94:82

Третата четвртина од мечот беше клучна, затоа што во тој период Леброн Џејмс постигна 11 од своите 30 поени, а Хокси имаа само 32% ефикасност или 7 погодени од 22 обиди.

Џејмс го заврши мечот со 30 поени, 9 скокови и 11 асистенции и му фалеше само уште еден скок за нов трипл-дабл. Покрај него одлична партија одигра и Иман Шимпарт со 16 поени и 4 скокови, како и Метју Делаведова со 11 поени, 6 скокви и 4 асистенции. 
 

Иман Шамперт одигра фантастична партија со 16 поени

Кај Хокси, Големата тројка Ал Хорфорд, Џеф Тиг и Кајл Корвер имаа по 12 поени. За 13 минути на паркетот Перо Антиќ постигна само еден поен, имаше 5 скокови и една асистенција. Лоша вест за Хокси е повредата на Хорфорд, кој незгодно згадна при еден доскок. Кливленд следните два натпревари од серијата ги игра на домашен терен, а следниот се игра во ноќта меѓу недела и понеделник.

Ал Хорфорд се повреди и е неизвесен за третиот меч во Кливленд