Колку заработуваат странците сезонава во НБА

Не е мал бројот на кошаркари кои ќе потпишат договор во НБА, нема да задоволат таму и се враќаат назад во Европа а американските франшизи и натаму ги плаќаат до крајот на договорот. Народски кажано клати врата-земај плата. Колку реално земаат странците кои играат во НБА?

Многумина го прекоруваат изгледот на денешната НБА лига поради недостигот на странски ѕвезди. Се прашуваат каде се новите Неш, Новицки, Паркер, Џинобили, Гасол, Јао Минг? Новата генерација уште не созреа, минатата веќе измина и како резултат на тоа на Ол-Старот имаше само двајца странци кои беа викнати како замени за повредените Пау и Ал Хорфорд.

Од најдобрите играчи кои не се од САД моментално одлични статистики имаат нигерискиот Грк Јанис Адетокумбо, њу-џерсискиот Доминиканец Таунс, Летонецот Порзингис и неколку Канаѓани или Австралијци. Но од златната генерација странци во НБА остана пустош кои се гледа на пример во очите на тажниот Рики Рубио.

Точно четвртина од неамериканските кошаркари во лигата вкупно заработуваат околу 25% од сезонскиот буџет за плати. Притоа треба да се знае дека следната сезона нови договори ќе добијат Јанис Адетокумбо, Гобер, Адамс, Џенг, Галинари, Ибака и Миротиќ.

Листата на најплатени странски кошаркари во НБА на годишно ниво изгледа вака:

Камерун - 8 милиони долари годишно
Србија - 11 милиони долари
Полска - 12 милиони долари
Босна и Херцеговина - 12 милиони долари
Грција - 13 милиони долари
Порторико - 14 милиони долари
Филипини - 14 милиони долари
Нигерија - 16 милиони долари
Русија - 16 милиони долари
Велика Британија - 18 милиони долари
Хрватска - 19 милиони долари
Словенија - 20 милиони долари
Литванија - 20 милиони долари
ДР Конго - 20 милиони долари
Италија - 21 милион долари
Аргентина - 22 милиони долари
Црна Гора - 24 милиони долари
Бразил - 26 милиони долари
Германија - 29 милиони долари
Доминиканска Република - 33 милиони долари
Турција - 35 милиони долари
Австралија - 45 милиони долари
Канада - 59 милиони долари
Шпанија - 91 милион долари
Франција - 105 милиони долари

Најдолу на табелата по просекот на заработка сеиграчи од земјите Украина, Швајцарија, Сенегал и Латвија како и земјите кои имаат по еден играч во НБА.

Камерун - 8.225.200 (Џоел Ембид, Лук Мба а Муте, Паскал Сиакам)

Лук Мбa а Муте не е ниту близу древниот камерунски кошаркарски принц Биа Мес. Но поради добрите игри и тоа што во НБА замина во 2008. година, тој стигна до висока плата. После неколку години во САД му се придружија и сонародниците Џоел Ембид и Паскал Сиакам. По шест години во најдобрата лига сите тројца се стартери во своите клубови и заработуваат вкупно 8 милиони долари годишно.

Србија - 11.038.542 долари (Бобан Марјановиќ, Немања Бјелица, Никола Јокиќ, Мирослав Радуљица)

Реткост е ѕвездите да заработуваат повеќе во Европа отколку во НБА. Одамна поминаа времињата на Стојаковиќ и Дивац (во време на Дивац во НБА имаше повеќе странци во НБА). Без Теодосиќ, Богдановиќ, Калиниќ и Радуљица вкупниот учинок на заработка на Србите го крена Бобан Марјановиќ. Мирослав Радуљица се врати во Европа, игра во Милано, но неговиот договор со Клиперс е таков што тимот од ЛА мора да му исплаќа плата до 2019. година.

Полска - 12 милиони долари (Марчин Гортат)

„Полскиот џин“ стигна до сума од неверојатни 12 милиони долари годишно. Неговиот договор трае до 2019. година.

Босна и Херцеговина - 12.421.320 (Мирза Телетовиќ, Јусуф Нуркиќ)

Долго време единствен Босанец во НБА бил Александар Радовиќ кој одиграл 15 меча за три сезони. Притоа на територијата на денешна БиХ се родени Радмановиќ, Планиниќ, Богдановиќ Бојан, Бендер и Зубац, но тие настапуваа за Србија или за Хрватска. Во 2012. година во НБА се појави нов Бошњак: Телетовиќ кој доби договор на една година, а во 2014-та Нуркиќ доби договор на две години. Во 2018-та би требало да има и трет Босанец во НБА, а тоа е талентираниот Џенан Муса.

Филипини - 13.903.611 (Џордан Кларксон, Џавејл Макги)

Макги е Филипинец исто онолку колку што се Американци натурализираните кошаркари кои играат за Грузија или Црна Гора. Но зошто Џавејл Макги никогаш не играл за репрезентацијата на Филипини? Истото му се случувало и на поранешниот негов сонародник кој играл за Визардс кон крајот на ’00-те., Андре Блач кој исто бил натурализиран Филипинец, а според правилата во оваа земја може да имате само еден пасош за да настапувате за репрезентацијата.

Грција - 13.244.161 милион долари (Коста Куфос, Јанис Адетокумбо, Јоргос Папајанис)

Папајанис е ново лице во НБА, а Јанис Адетокумбо не е, така што тој најмногу допринесува за вкупната заработка на грчките кошаркари во лигата. Од следната сезона тројцата Грци според новите договори ќе заработуваат дури 33 милиони долари вкупно и значајно ќе се искачат на листата на заработка.

Порторико - 14.435.845 (Мо Харклес, Хозе Хуан Бареа, Шабаз Напер)

Двајцата играчи на Портланд, Харклес и Напер уште не одиграле ниту една средба за репрезентацијата иако потребните документи Мо ги добил во 2014-та а Напер во 2012-та. Порторико е дел во составот на САД, но жителите на овој остров имаат посебни пасоши, освен американскиот. Нивната репрезентација постои веќе 60 години и има дури по едно четврто место на Олимписки игри и на Светско првенство. Право за настап за Порторико има и Девин Букер, но тој по се изгледа ќе се реши за САД.

Нигерија - 15.730.965 милиони долари (Ал-Фарук Амину, Фестус Изели, Мајкл Гбинџе)

Оваа сума би можела и да се зголеми, доколку бар еден од Американците со нигериско потекло побарал нигериски пасош за да игра за репрезентацијата на Нигерија - малку е веројатно дека тоа ќе го сторат Окафор или Оладипо, но може да се очекува од Очев или од браќата Онуаку кои се близу НБА.

Русија - 16.444.473 (Тимофеј Мозгов, Саша Каун)

Да, Мозгов е единствениот Русин во НБА, Каун веќе не е во лигата, но неговиот договор и натаму го плаќа Филаделфија и ќе го плаќа во следните три години. На 1. ноември 2019. година Саша Каун ќе го добие и последниот чек од Сиксерси на 500.000 долари.

Велика Британија - 18.000.000 долари (Луол Денг)

Денг е по потекло од Судан, студиите ги завршил во Њу Џерси и тој е единствениот Британец во НБА кој настапува за Велика Британија. Заработува неверојатна сума од 18 милиони долари годишно.

Хрватска - 19.092.847 (Марио Хезоња, Драган Бендер, Бојан Богдановиќ, Џастин Хамилтон, Дарио Шариќ, Ивица Зубац, Дамјан Рудеж)

Иако Џастин Хамилтон е на листата несимпатични кошаркари кои се натурализирани и играат за друга земја, тој доста допринесува за заедничката заработка на Хрватите во НБА. На крај од краиштата не треба да се заборави дека Хамилтон има хрватски корени, како дете учел во Загреб а професионално играл и за Цибона. Беше повикан да игра во квалификациите за Олимписките Игри, но го викнаа во Бруклин на потпис на договор.

Словенија - 19.563.793 милиони долари (Горан Драгиќ, Саша Вујачиќ, Бено Удрих, Зоран Драгиќ)

Ја запамтивте ситуацијата со Саша Каун? Беше три пасуси погоре. Отприлика иста е и онаа на Зоран Драгиќ кој веќе втора година игра во Европа (Емпорио Армани Милано). Во 2015. година Мајами го трампаа Драгиќ помладиот во Бостон за пари и место на драфтот. Селтикс го исфрлија од тимот а Словенецот добива плата во следните три години.

Литванија - 19.720.223 (Јонас Валанчунас, Миндаугас Кузминскас, Домантас Сабонис)

Можно е Литванија наскоро да скокне четвртото место по заработка на ранг листата, а можно е и да падне (во зависност од тоа како гледате) затоа што слободниот агент Донатас Моцјенас уште не потпиша со Хјустон. Според гласините, „Рокетс“ му нодат повеќегодишен договор со загарантирана плата само во првата година која би требало да изнесува околу 7 милиони долари.

Демократска република Конго - 20.241.800 (Бисмак Бијомбо, Емануел Мудиај)

Ниту Бијомбо ниту Мудиај не настапиле за сениорската репрезентација на ДР Конго иако имаат потребни документи, не добија повик за квалификациите за Афробаскето 2015. Поради тоа монжно е Мудиај да се стреми да заигра за САД каде живее веќе 5 години, а Бијомбо има шпански пасош и би можел да тргне по патот по кој тргна уште еден кошаркар кој е роден на другиот брег од реката Конго - Серж Ибака а игра за Шпанија. На тој начин и нивната заработка ќе се смета за друга земја.

Турција - 35.450.322 (Енес Кантер, Омер Ашик, Ерсан Иљасова)

Турција го завзема петтото место на ранг листата и до најдобрата четворка нема да стигне ниту со трејдот на Кантер кој најверојатно ќе земе 8-милиони долари бонус од Оклахома Сити во случај да го трампаат во текот на сезоната.

Австралија - 45.275.555 милиони долари (Ендрју Богут, Метју Делаведова, Арон Бејнс, Бен Симонс, Данте Екам, Пати Милс, Тон Мејкер, Џо Инглс)

Инвазија на кенгури! Од 2013-та во НБА стигнаа уште седум Австралијци (еден веќе се врати дома - Бејрстоу). После Лук Лонгли и Ендрју Богут во НБА немаше прав претставник на Зелениот континент. Со текот на времето Австралијците направија инвазија како онаа на кенгури во нивната земја.

Канада - 58.541.297 милиони долари (Тристан Томпсон, Двајт Пауел, Кори Џозеф, Ендрју Николсон, Ендрју Вигинс, Џамал Морзи, Кепли Олиник, Ник Стаускас, Тајлер Енинс, Треј Лајли, Ентони Бенет, Кајл Вилџер, Семјоил Далемберт)

Логично е најголемата дијаспора во НБА да е канадската. Таму има и клубови од Канада (иако еден згасна). Но дури и Торонто да ги собере сите репрезентативци на Канада, тие не би стигнале до минималната заработка која што е востановена во секој НБА клуб (85 милиони долари). Од друга страна „Репторс“ во теорија би можеле да вратат и некои непотребни Американци како ДеРоузан и Лоури а составот да го пополнат со некои импресивни млади канадски играчи. Под услов да се вклопат.

Шпанија - 92.088.756 милиони долари (Марк Гасол, Пау Гасол, Рики Рубио, Серж Ибака, Хозе Калдерон, Серхио Родригез, Алекс Абринес, Никола Миротиќ, Хуан Ернангомез, Гиљермо Ернангомез)

Само тројца шпански новајлии ја надополнија колонијата во НБА сезоната. Серхио Љуљ доби повратна карта а Абринес и браќата Ернангомез останаа. Плус се врати и Родригез и тоа значи дека во моментов во НБА игра најдобрата шпанска генерација во историјата на лигата.

Франција - 105.119.042 милиони евра (Николас Батум, Жоаким Ноа, Еван Фурние, Јан Маинми, Тони Паркер, Борис Дијао, Алексис Ажанса, Руди Гобер, Кевин Серафин, Жофри Ловерњ, Тимоти Лувалу-Кабаро, Ливио Жан-Шарл)

Летово Французите потпишале договори вредни 105 милиони долари. Некој остана во истиот тим, некој премина во друг, некој дојде во НБА после три години чекање. Во вкупната сума од 105 милиони долари Франција би можела да оформи свој клуб во НБА лигата и тој би бил 10. место по висината на платите. И во следната година благодарение на новиот договор на Руди Гобер, француската колонија ќе стигне до 120 милиони долари вкупна заработка.