Грција е голем предизвик, Илиевски се враќа

На Европско кошаркарско првенство во Загреб добиваме засилување. Ветеранот Влатко Илиевски ќе биде дел од составот на Александар Џикиќ и ги повикува да му се придружат Антиќ и Чековски.

35 годишниот Илиевски кој настапува за Цибона ја изненади македонската јавност со најавата за враќање во кошаркарската репрезентација на Македонија. Кам бекот го потврдува во интервју за хрватскиот весник Спортсе новости.

„Ќе играм на ЕП, едноставно ми се игра, го сакам тоа, особено да им помогнам на младите. Очигледно, ова ми е судбина, да бидам дел од националната селекција на стари години. Селекторот Џикиќ одлично го познавам уште од времето кога играв во Партизан и тоа е една од причините што решив да играм иако веќе официјално бев во пензија. Се надевам дека мојот пример ќе го следат и Перо Антиќ и Ѓорѓи Чековски, а што се однесува до Тодор Гечевски, едвај го натеравме да игра пред две години поради што сега не е реално да очекуваме повторно да ни помогне“, изјави Илиевски кој последен пат настапи за Македонија на ЕП 2013 во Словенија.

Влатко Илиевски беше еден од најзаслужните за сензацијата на Македонија која ја направи на Европското првенство во 2011 година кога со решавачката тројка против домаќинот Литванија го однесе националниот тим во историско полуфинале.

Како дополнителен мотив на Евробаскетот 2015 ја издвојува и пресметката против Грција која е закажана за 5 септември. Останатите противници на Македонија и се Хрватска, Словенија, Холандија и Грузија. 

22 мај 2015 - 14:52