Фалангата го освои Медисон Сквер Гарден

Перо Антиќ има огромна поддршка од Македонци на сите терени во НБА, а „Фалангата" посебно грмела во Њујорк на гостувањето на Атланта против Никси.

Атланта Хокс овој пат им се одмазди на Никси за поразот од пред неколку денови и славеше во Њујорк со 90:110. Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Кармело Ентони со 23 поени, а кај Атланта тоа беше Џеф Тиг со 16.

За жал Македонците немаа шанса да го видат Антиќ во игра кој втор натпревар по ред одмораше на клупата.

По натпреварот Антиќ преку својот Твитер профил се заблагодари за поддршката во Њујорк:

Еве како тоа изгледаше:

17 ноември 2013 - 08:12