Делаведова и Џејмс ги изрешетаа Воините за 2-1 во финалето

Човекот со мисија, Леброн Џејмс се наоѓа на две победи од еден од најголемите подвизи во историјата на НБА финалињата. Кливленд синоќа го совлада Голден Стејт, а јунак од сенка на Кавси е Австралиецот Метју Делаведова.

КЛИВЛЕНД - ГОЛДЕН СТЕЈТ 96:91 (2-1)

Во отсуство на Кевин Лав и Кајри Ирвинг, Леброн Џејмс уфрли 40 поени, имаше 12 скокови и 8 асистенции за 46 минути на теренот. Голем удел во триумфот на Кавси имаше и Метју Делаведова кој полека израснува во јунак на финалната серија, а синоќа постигна 20 поени.
 
Кливленд имаше +9 поени предност во последната минута од мечот, но Кари почна да погодува од секоја дистанца и Голден Стејт намали на -3. Вориорс имаа шанса и да имаат напад за продолжение, но судиите проценија дека Клеј Томпсон газел во аут кога ја пресече топката на Делаведова.

На крајот, Леброн Џејмс од слободни фрлања ја потврди победата. Во поразениот тим, Стеф Кари беше најефикасен со 27 поени, но МВП на сезоната во НБА почна да погодува кога Кливленд веќе имаше голема предност. Дејвид Ли уфрли 11 поени, а Андре Игудала 15.
 
Кливленд како да го прати некое проклетство, затоа што синоќа се повреди Шамперт, кој се пожали на болка во рамето, излезе но се врати на теренот. Кливленд веќе игра без повредените Кевин Лав и Кајри Ирвинг.
 
Утре вечер на програмата е мечот број 4, а домаќин повторно е Кливленд во Охајо. Во случај да слават и утре вечер, Кавалирс ќе поведат 3-1 и ќе бидат на чекор од првиот прстен во историјата.
 
Делаведова и Леброн беа незапирливи, особено Австралиецот:
 
 
 
ТОП 5 потези на вечерта:
 
Неверојатното забивање на Леброн: