Чикаго ја доби драмата, Вестбрук повторно над 40

Во најдобрата светска кошаркарска лига синоќа се одиграа два натпревари. Чикаго ја совлада Оклахома 108:105, во дуел во кој трагичар беше најдобриот играч на Ол Старот во февруари.

Вестбрук одигра петти натпревар со над 40 поени, откако во средата имаше личен рекорд против Филаделфија и стана втор играч после Џордан со повеќе од четири трипл-дабл натпревари по ред. Џордан во 1989. година имаше седум по ред. Против Булси синоќа, Вестбрук имаше 43 поени, 8 скокови и 7 асистенции, но на крајот го погреши последниот напад кога згазна во аут, после кој Е'тван Мур погоди тројка на две секунди пред крајот за триумф на домашните. Мур забележа и личен рекорд на кариерата со 19 поени, четири скока и две асистенции.

Промашувањето на Вестбрук и газењето во аут, после што Е'тван Мур погоди за победа:

Најинтересни инсерти од дуелот во Ер Центарот:

На вториот натпревар, Портланд Трејблејзерс ја запиша петтата победа по ред, овој пат против Далас Маверикс 94:75. Најефикасен поединец на мечот беше Демјан Лилард со 14 поени.