19 години од легендарниот шут на Џордан против Јута

На 14. јуни 1998-ма се играше Game 6, решавачкиот дуел во финалето на НБА меѓу Јута Џез и Чикаго Булс. Мајкл Џордан за последен пат го носеше дресот на Чикаго а тоа што го направи на 5.2 секунди до крајот, пред гостинска публика е најлегендарен момент во светската кошарка.

Бонус: Во меѓувреме на аукција биле продадени патиките Converse со кои Мајкл Џордан го освои златото на Олимпијадата 1984, за 190.373 долари. Тоа е рекорд, затоа што во 2013-та патиките со кој Џордан го играше финалето на НБА во 1997 во кое даде 38 поени биле продадени за 104.765 долари.