Го фатил финалето од Лига Куп икс, ПСЖ икс 4.55 коефициент, ама и Караорман - Охрид Лихнидос, втора македонска лига. Ако е животов фер, од Загреб нека му пратат 509.062 денари.
Милан синоќа го победи Рен со 3:0 во плејофот од Лига Европа. Епа махеров точен резултат ја фатил и тоа лани ја уплатил на две ливчиња. Ја типувал системски „еден од два“, со идентичен тип и на гости, што значи и да не му излезе реваншот 0:3 пак е добитен.
Прилепчанец уплатил четири тикети со 31, 24, 20 и 17 утакмици, со вкупна уплата од 460 денари. На сите четири го бутка фаворитот Порто кој одигра 1:1 против Арука, а тој го типувал кец. Каков тежок малерај.
Прилепчанецов не е нешто арен. Одбрал седум утакмици, две од Бугарија втора лига, потоа Узбекистан, Литванија, Иран и Португалија младинци. Сите седум ги фатил X-X на две ливчиња. Една му завршила 1:1, а сите други 0:0.
Бакшиш на влашки начин се остава со картица. Едноставно ја проаѓаш на хармониката и тоа е тоа. Е сега ова е ново, ама и неизвесно. Батето треба да каже дали е добитен или има барем за ваучер?
Нотингем Форест - Лестер 5:3, Брајтон - Евертон 1:5, Нотингем Форест - Саутемптон 4:3, сите во понеделник. Знаете што ги играл типот што ни пиша? 7+. Го убива во поим и тоа најмалиот коефициент. Па не е фер.