Кец у два

Фати некој пари во кладилница вчера?

Плус Челси - Брајтон 1:2. Фантазија од резултати.

Махер на малерите кој ќора утакмица не погодил

Пишал три фикса и бркал услов 3 од 10. Сите 13 ги промашил. Да му ги вратите парите или да му дадете телевизор во боја.

Махер на колото кој ни пиша дека не се лути ако го наречеме маестро

Играл школски, систем 2 од 4 со четири фикса во стуб. Уште во стубот е храбар, а да не зборуваме за четирите во услов кои успеал сите да ги погоди. Обрнете внимание на Њукасл и Виљареал. Да, маестро е.

Постои кладилница со стриптизети која треба да ја крстат „Опасно по добивка“

Зошто опасно? Па се случува една стриптизета во една вечер да заработи и до 7.000 фунти. Што мислите од кого и се парите?

Махериште на колото за 4,1 милион денари

Е како? Е така. 2+ прво 9 пара. Влог 3.000 денари. Чиста среќа е спортската дечки. Играл данска втора лига, норвешка втора лига, индиска прва лига, германска трета лига, англиско до 21 година...67.000 евра има за земање.

Малери на колото во Србија кои ни со палка и пиштол не стигнаа до максимална добивка

Во српското село Љубиќ во Чачак, во кладилница влегуваат двајца маскирани разбојници, кои место кец у кец, им се случи кец у два. Успеаа да земат малку кеш, ама сигурно не колку што планирале, бидејќи вработената им се сипа и ги набрка за неколку секунди, а тој со црната јакна пиштол држи во десната рака. 

Махериште на колото кој верувал во Аргентина од почеток

Светското почна на 20 ноември, а тој го уплатил тикетот три дена пред стартот. Вториот махер кој ни прати тикет вели вака: Ситно ама динамитно.

Махер на колото за стотче

Светското во Катар, прво зимско историско покажа и одличен талент кај македонските типувачи.

Махериште од Македонија: погодил чуда и зел вреќи пари

Во Македонија падна еден од најдобрите погодени тикети на Светското првенство. Некој цар одиграл три меча полувреме крај со страшни квоти. Хрватска „нула у нула“, Мароко „два у два“, Шпанија „два у кец“. Коефицентот на Јапонија со пресврт бил 125.00!

Махериште на колото кој ги фатил точен резултат Србија и Гана

2.612.500 српски динари или 22.259 евра. Дај измерете му температура.

Махериште на колото погоди четири точни резултати за добивка од 1,7 милиони денари

Царот си ги врзал од петок до недела, четири точни резултати од кипарско, грчко, хрватско и турско првенство и плус Елмас тип 2. Добивка 28.000 евра.

Махер на колото за 300.000 долари кој отиде на исплата да не може да го препознаат

Дечкото ги закрпил во Кенија, па си рекол зошто сега и него некој да го закрпи.

Најјак кладилничарски муабет на сезоната

Богдан Богдановиќ од Атланта Хокс, еден од двајцата најдобри српски кошаркари во моментов, во кариерата играше за белградски Партизан и за Фенербахче каде стекна репутација на врвен кошаркар спремен за НБА. Негов роднина во еден српски подкаст раскажува луда анегдота.

Махериште на колото за 2,2 милиони денари

Океј, влогот не му е мал, ама оди фати 13 утакмици да те видам од кои 12 конечен тип. И тоа мешање парови од Финска до Америка. 36.000 евра им земал.