Најголемиот махер на ракомет

Франција требаше да загуби од Норвешка, а Хрватска да го победи домаќинот Полска пред 15.000 публика со минимум 11 гола разлика за да оди понатаму. Во тоа веруваше еден Хрват кој ги истипува во кладилница.

Се работи за познат хармоникаш од Сплит, Марин Франичевиќ кој веруваше во вчерашното ракометно чудо (Франција - Норвешка 24:29 и Полска - Хрватска 23:37), а тоа му донесе пари. Коефициентот за победа на Норвешка беше 5,5, а за триумф на Хрватска од најмалку +11, квота беше 50.

Хармоникашот уплати 20 куни (околу две и пол евра), а доби 4.700 куни (613 евра).

Кладба падна и меѓу двајца Хрвати, но не во кладилница, туку кој ќе загуби трча гол во маало.

28 јануари 2016 - 10:45