Зошто некој би правел ваков апсурден фаул во 93-та кога губи 5:2?

За време на последните секунди од синоќешниот дуел во Копа дел Реј меѓу Барселона и Реал Сосиедад, гостите губеа 5:2, а на првиот дуел загубија 1:0. Во една таква ситуација ги сожали и судијата кој не свирна чист пенал врз Меси, а не извади ниту картон на прекршокот кој му претходеше на недосудениот пенал. Тотално непотребен фаул за кој се добива црвен.

Вреди да го ѕирнете и хајлајтсот полн со голови од убаво изградени акции. Шест гола паднаа во последните половина час.

 

27 јануари 2017 - 09:18