Зошто Мојс го шутнаа пред крајот на сезоната

Не се сите шкотски тренерски имиња кадарни за да го водат англискиот великан. Едниот издржа 27 години, а другиот ниту една цела. Челните луѓе на клубот најверојатно подолго време ја ковале стратегијата на кој ден да се ослободат од лузерот.

Една од најлошите сезони за Манчестер Јунајтед завршува за помалку од еден месец, но раководството одлучи предвреме да се ослободи од тренерот кој сигурно ќе има трауми од неговото неуспешно искуство на „Олд Трафорд“.

Според Индепендет, поразот од Евертон не е клучната причина за отпуштањето на Дејвид Мојс, туку за тоа лежат две логични причини.

Првата најверојатно е главна, а тоа е неговата клаузула во договорот со клубот, според која доколку Мојс не успее да го однесе меѓу првите четири позиции, во случај на раскинување на договорот тие не се обврзани да му ја исплатат целата сума во плати за неговиот шест годишен договор.

Во Премиер лигата има уште три кола до крајот, а „Црвените ѓаволи“ имаат и натпревар помалку. Доколку се случи четвртопласираниот Арсенал да ги загуби сите мечеви, а Јунајтед освои максимални 12 подови, тие нема да ги стигнат „Топџиите“ затоа што разликата е 13 бодови.

Втората повеќе се однесува на угледот на клубот. Управата веќе има на пик неколку потенцијални засилувања како на пример Тони Крос од Баерн, а се ближи летниот трансфер период со играчи, па клубот ќе има тешкотии да привлече играчи во една ваква атмосфера.

Со 11 порази на 4 кола до крајот, Манчестер Јунајтед ја игра најлошата сезона во Премиер лигата. За прв пат по 1995 година нема да биде дел од најелитното клупско европско натпреварување, а веројатно нема да се натпреварува ниту во Лига Европа.

Оваа сезона два пати го загуби градското дерби против Манчестер Сити, два пати загуби од Ливерпул, а со мечот против Евертон одбележа два порази и од оваа екипа која конкурира за излез во Европа. Мојс си заминува од Манчестер со уште ред други неславни рекорди за клубот.

22 април 2014 - 18:02