Зошто Манчестер Сити ќе се мачи со Баерн

На Граѓаните вечерва очајно им требаат три бода за да не испаднат уште во групната фаза од ЛШ, но пред себе го имаат германскиот првак кој сезонава има 22 победи во низа и само еден пораз на сите натпреварувања. 

Манчестер Сити вечерва ќе биде елиминиран од Лигата на шампионите доколку не успее да победи, а истовремено некој триумфира на дуелот меѓу Рома и ЦСКА Москва. Во случај на пораз, а нерешено во Москва, во последното коло ќе треба да брка победа на Олимпико во Рим од 6 гола разлика.

Иако полесно изгледа вечерашната задача, таа е всушност исклучително тешка бидејќи на гости им доаѓа тим кој според кладилниците, заедно со Реал и Барса се најголеми фаворити за титулата во ЛШ.

1. Го имаат најдобриот голман во светот

Секој клуб посакува голман како Мануел Ноер. Тој не само што е познат по тоа што многу често реагира како дефанзивец излетувајќи надвор од шеснаесетникот, туку е одличен и на голманската линија. Минатата сезона во Бундес лигата успеа да скроти 95% од корнерите, слободните удари и нафрлените топки. На СП Бразил 2014 беше прогласен за најдобар голман, а 18-те милиони фунти кој Баерн му ги плати на Шалке целосно им се исплатија.

2. Го имаат најдобриот тренер во светот

Еден од најголемите ривали му е Жозе Мурињо за кој некој велат дека е најдобар тренер во светот, но ако ги прашате за тоа навивачите на Барселона, ќе ве потсетат на Ел Класико од 2010 година, кога Барса го потопи Реал со 5:0. Гвардиола со тики така играта освои 14 трофеи на „Кам Ноу“, од кои два пехари во ЛШ, а сега ја практикува во Минхен.  Минатово лето тимот му го освежија со Левандовски, Чави Алонсо, Бернат и Бенатиа

3. Имаат докажани победници

Баерн две години по ред е шампион на Германија, а во моментов е лидер на табелата со седум бодови зад второпласираниот Волсбург. Шест фудбалери од тимот, летово станаа светски шампиони со Германија, Ноер, Боатенг, Лам, Гетце, Милер и Швајнштајгер. Победничкиот гол во финалето против Аргентина го постигна Гетце.

4. Баерн го сака Манчестер

Голот на Робен на реванш дуелот во четвртфиналето на „Олд Трафорд“ значеше елиминација на Манчестер Јунајтед во сезоната 2009/2010. Минатата сезона во групната фаза го победија Манчестер Сити во групната фаза со 3:1 со головите на Рибери, Милер и Робен. Во четвртфиналето играа против Јунајтед и за пласман во полуфинале нерешениот резултат им беше доволен.

5. Ефикасни се во напад

Гвардиола беше критикуван дека според начинот на игра неговиот тим не постигнувал доволно голови. Но тоа не држи вода. Сезонава во Бундес лигата на 12 меча постигнаа 31 гол. Викендов на гости го победија Ајнтрахт Франкфурт со 4:0 со хет трикот на Милер и голот на Шаќири. Минатата година Гвардиола ги замолчи навивачите кои се жалеа дека неговиот тим не играл атрактивно како со Јуп Хејнкес. На минатите три гостински меча Баерн постигна 14 голови од кои 7 на гости против Рома.

6. Имаа играчи со искуство во англиски клубови

Ариен Робен ја освои Премиер лигата со Челси, а ако Меси и Роналдо ги сметаат за најдобри фудбалери во светот, за Холанѓанецот се вели дека по нив игра топ форма. Чави Алонсо ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул. Статистиката покажува дека прави најголем број на успешни лизгачки стартови, а воедно е и одличен плејмејкер. Боатенг немаше добра сезона во Сити, каде беше стартер на само 14 меча, но одлично го познава стадионот. На клупа го имаат Пепе Реина кој 9 години беше член на Ливерпул.

25 ноември 2014 - 18:51