Зошто Лестер е со 6 букви, а Leicester со 9

Кога подвизите на Лестер станаа сè поневеројатни, во очи паѓаше амблемот/логото на клубот. Колку пати сте слушнале некој со двоумење да го чита: „Лечестер кец стај го“ или „Леичестер ќе тепа ли“?

На англиски, името на градот и соодветно на тоа и екипата се изговара Лестер или Леста. Значи ние правилно го изговараме. Исто како што го пишува во енциклопедичниот речник на англискиот јазик „Брокхауз и Ефрон" кој за Лестер пишува со напомена Lei(ce)ster.

Што значи тоа?

Лестер е еден од најстарите градови во Англија. Бил населен уште во римско време (поздрав до Римјанинот Раниери).

Во исто време, името на градот да не се совпаѓа со падалниот слог е доволно распространет случај во англискиот јазик, па така имаме серија Вустер која што се пишува Worcester, или Глостер (Gloucester). Имињата на некои градови се пишуваат со дополнителен слог, но се изговараат без него - Вустершир (Worcestershire), Лестершир (Leicestershire), Глостершир (Gloucestershire).

Англичаните не се единствени кои ги изговараат овие градови на овој начин. Во Масачусец на пример, во САД има исто места Вустер, Лестер и Глостер коишто биле првите бази на колонистите, но кај нив го немало овој дополнителен слог.

Класична историја, пишувам Манчестер, читам Ливерпул и мирна глава. Големиот Оксфордски речник не дал етимологија на овие зборови. Меѓутоа за да сфатиме што значи и од каде потекнува зборот Chester (Честа), ни помага латинскиот збор Castra кој означува замок/утврдување (од зборот castle).

Според тоа, сите места кои носат имиња кои завршуваат на -стер (Ланкастер) и -честер (Манчестер, Винчестер) потекнуваат од римски населби.

Зошто тогаш Манчестер останал Манчестер а не на пример Манстер, а Леичестер станал Лестер, научните тешко објаснуваат.

Старите извори не содржат транскрипција, па така во Водичот низ англискиот јазик од 1709 година, Лестер се произнесува во три слога Леи-чес-те. Во новото издание од 1764. година тој слог испаднал.

Меѓутоа, важно е да се напомене и дека името Лестер се споменувало и во 18. век, и може да се најде во творбите на Шекспир. Leicester town се споменува и во „Трагедијата на Кралот Ричард III" каде се вели: He is, my lord, and safe in Leicester town.

На Шекспир му требало да го каже името на градот во два слога, а не во три. Тоа правило потекнува уште од 16. век.

Логото на фудбалскиот клуб Лестер со лисица во амблебот првпат се појавува во 1948. година. Лестершир е реон познат по лисици и лов на лисици.