Зошто фудбалерите имаат проблеми со забите

Иако релативно кај мал дел од нив се забележува овој проблем, се чини дека има многу фудбалери кои ја занемаруваат својата орална хигиена до степен да страдаат од болки кои влијаат на нивните настапи.

Според едно истражување спроведено од страна на британски магазин за спортска медицина, повеќе од половина од фудбалерите кои ги испитале покажале знаци на стоматолошка ерозија, а кај 4 од 10 е пронајдено дека имаат кариес.

Студијата е спроведена од страна на стоматолози од Меѓународен центар за докази базиран на податоци за оралното здравје на универзитетот во Лондон кој ги испитал забите на играчи од 8 британски клубови: Манчестер Јунајтед, Хал, Саутемтпон, Свонси, Вест Хем, Брајтон, Кардиф и Шефилд Јунајтед.

Објавените резултати покажуваат дека 53% од фудбалерите покажале знаци на стоматолошка ерозија, на 45% им се смачило од општата состојба во која им се наоѓаат забите, а 7% признале дека проблемите им влијаат врз тренинзите и натпреварите.

Од медицинскиот тим на Вест Хем тврдат дека фудбалерите имаат полоша состојба на забите отколку општата популација, а како можна причина го наведуваат трошењето големо количество засладени пијалоци и храна како и постојаното вежбање со отворена уста која предизвикува заштитна плунка која се суши.

„Се работи за луѓе кои толку многу инвестираат во себе, што ова е изненадувачко откритие“, вели еден од истражувачите за БиБиСи.

Кај некои од оние кои страдаат од овој проблем ситуацијата е толку лоша што заради забите тие не можат ниту да тренираат, ниту да играат.

29 март 2017 - 16:08