Зошто Давид Бабунски не сака факултет?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски за Спортски Журнал открива зошто во Барселона го викале Филозофот и зошто смета дека човекот самиот на себе е најдобар учител.

Впечатоците на подготовките на Црвена звезда се дека Давид Бабунски ќе биде право засилување за екипата. Дописниците од подготовките на Кипар велат дека Давид може да направи многу нешта со топката.
 
Сепак, централна тема на краткиот разговор било слободното време меѓу тренинзите и натпреварите. Заедно со копачките и целата опрема се нашло место и за книгите. Во меѓувреме Бабунски доби големи пофалби од соиграчите, пред сè од Марко Грујиќ, фудбалерот кој потпиша договор со Ливерпул.
„Имам време да читам книга, обично пред спиење. Во моментов ја читам „Моќта на моментот“ од Ехарт Тоел. Поуката од книгата е дека во животот постои само овој момент и не би требало да се размислува за минатото“.
Во Каталонија го добил прекарот Филозофот, а Давид објаснува и зошто одмавнува со рака кога ќе му го спомнат високото образование.
„Тоа што не се запишав на факултет не е поради фудбалските обврски и сметам дека сè може да се постигне кога се сака. Голем противник сум на сегашниот образовен систем, затоа што е лимитирано, ограничено е нивото на знаење кое што се пружа. Затоа го отфрлам и учам во мерка колку што сакам да учам“, констатира новиот фудбалер на белградска Црвена звезда.