ЕП 2016 Франција

Заврши хрватскиот сон, Португалија сурово ги казни Коцкестите

Репрезентацијата која што најмногу покажа во групната фаза на ЕП загуби во осминафиналето од Португалија која благодарение на голот на Рикардо Кварежма во 117. минута оди во четвртфиналето на Полска.

Португалците ја совладаа Хрватска во Ленс со 1:0. Неколку секунди пред да се затресе мрежата на Данијел Субашиќ, Хрватска ја погоди стативата, а потоа новиот играч на Баерн Минхен, 18-годишниот Ренато Санчез повлече една контра и ја водеше топката до казнетиот простор, слеудваше пас до Нани кој додаде до Роналдо.

Напаѓачот на Реал шутираше, Субашиќ одбрани, но на одбиената топка налета фудбалерот на Бешикташ Рикардо Кварежма кој со глава го постави конечниот резултат. Ова беше четврт меѓусебен дуел меѓу овие две репрезентации а „Европските Бразилци" кој малку покажаа досега на Европското го задржаа максималниот учинок и со гол разлика 7:0 немаат пораз од Хрватска.

Португалија во четвртфиналето ќе играат против Полска.

Една од најзрелите шанси на Хрватска: 

Хајлајтс од мечот: