Загревање со Тоти, Марадона и Роналдињо

Реткост е да се гледаат снимки каде на едно место се асовите на Италија, Аргентина и Бразил. Не дека Марадона покажа нешто посебно, толку му е со годините веќе, ама самото видео со нив тројца има тежина.

Тоти, Марадона и Роналдињо

На мечот „Обединети за мир“ кој го добија белите со 4:3 имаше ѕвезди од ваков калибар:

Синиот тим: Мондрагон, Кафу, Алдаир, Бурдисо, Кандела, Тадеи, Карбон, Маури, Марадона, Ди Натале, Тоти.

Белиот тим: Бисари, Ѕамброта, Маркес, Санчез, Абидал, Давидс, Верон, Бојан Кркиќ, Роналдињо, Креспо, Кануте.

Сите голови од средбата

Инаку Верон не му подаде рака на Марадона бидејќи му е лут откако го нарекол измамник кога стана претседател на Естудијантес.

13 октомври 2016 - 12:30